Зградите затворени поради корона вирусот може да бидат извор на легионерска болест


 

Комерцијалните згради кои со седмици се затворени за да се сузбие заразата од корона вирус, може всушност да предизвикаат друга опасна зараза на белите дробови – легионерска болест.

Ријтерс пишува дека поради овој факт многу здравствени работници повикуваат сопствениците на зградите постепено потворно да ги отвораат за да се спречи да избие легионерската болест.

Ризични се зградите како училишта, фабрики, компании, ресторани и други.

Стручњаците предупредуваат дека поради затворањето на зградите одненадеж, во цевките не поминува вода која содржи хлор. На тој начин се ствараат услови за развивање бактерии кои предизвикуваат легионерска болест.

Но, ако се внимавало пред затворањето, и ако сите цевки биле уредно измиени, тогаш нема да има проблем.

Моли Сканлон, научничка од Аризона која се занимава со заштита на околината вели дека покрај комерцијалните згради опасност претставуваат и хидромасажните кади, фонтаните, системите за прскање вода и милиони разладни системи во комерцијалните згради.

„Тоа е светски проблем кој може да се реши со мерки за претпазливост. Повеќето погоелми корпорации со консултанти веројатно ќе бидат свесни за проблемот, но предизвик ќе бидат помалите продавници, здравствени клубови и хотели“, вели Сузан Сурман -Ли микробиолог од Британија.

Легионерската болест ја предизвикува легионелата во комбинација со вода и воздух. Не се пренесува од човек на човек. Ги зафаќа белите дробови. Така е наречена по местото каде првпат се појави односно во Друштвото на американски легионери во Филаделфија, во 1976 година. Само од 2000 до 2015 година од неа се заразиле повеќе од 50.000 луѓе.

Се лечи со антибиотици, а здравите вообичаено оздравуваат. Еден од десетмина пациенти завршува фатално.

Неодамнешна кинеска студија покажува дека 20 отсто од пациентите со корона вирус имале и легионерска болест.