Во Кина 10 дена нема починати од корона вирус


Кина денеска бележи десетти ден со ред без да пријави смртен случај од ковид-19.

Властите во Пекинг објавија дека во претходните 24 часа заразната болест е потврдена кај 12 лица, од кои 11 се вратиле од странство.

Во кинеските болници се наоѓаат само 838 заразени од корона вирус, додека уште околу 1.000 се наоѓаат во изолација и под надзор, затоа што се сомнителни случаи или биле позитивни на тестот, но немаат симптоми.

Кина, од каде почна корона вирусот и се рашири по светот, пријави дека позитивно тестирала 82.816 луѓе, а од нив 4.632 починале.