Ким Џонг-ун е во кома или мртов, но нема официјална потврда


Светските медиуми пишуваат дека се шпекулира оти лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун починал или е во кома по операција за вградување стент на срцето, но сè уште нема официјална потврда.

Њујорк пост пишува дека информациите за смртта на севернокорејскиот претседател се појавиле на ТВ во Хонгконг, а наведуваат и дека некои јапонски медиуми пренеле дека првиот човек на Северна Корена е во ‘вегетативна состојба’, по неуспешната операција на срцето.

Некои тврдат дека Кина испратила свој лекарски тим во Северна Кореја за да го спасат лидерот на оваа земја, кој е во тешка здравствена состојба.

И порталот „TMZ“ ја пренесува веста, повикувајќи се на медиумите во Кина и Јапонија, дека врховниот лидер на Северна Кореја починал или дека е на ‘смртна постела без никаква надеж за опоравување’.

Потпретседателката на сателитската телевизија „HKSTV“ од Хонгконг тврди дека Ким е мртов, повикувајќи се на ‘многу цврст извор’, наведува „International Business Times“.

И австрискиот медиум „Heute“ пишува за тоа дека се појавиле непроверени информации за смртта на Ким Џонг-ун.

Медиумот исто така потсетува дека Ким не присуствувал на 15-ти април на прославувањето на роденденот на неговиот дедо, кој починал во 1994-та година, Ким II-сунг, инаку основач на Северна Кореја.

Јапонскиот весник „Јомиури Шимбун“ ,повикувајќи се на извори запознаени со трилатералните разговори меѓу Јужна Кореја, САД и Јапонија, објави дека Северна Кореја подготвува план за непредвидени ситуации, за пренос на моќта на помладата сестра на Ким, Ким Џо Џонг.