Маричиќ: Бугарските условувања не се пречка да почнеме преговори


Фото. Б. Грданоски

Бугарските условувања не се пречка за отпочнување на преговорите за влез на земјата во европската унија, а сетот мерки од бугарска страна во прилог на заклучокот се еднострани, објаснуваат од владиниот тим за преговори со унијата. Македонскиот јазик кој е спорен за бугарските власти во највниот додокуемнт е затворено прашање, а сите останатите барања ќе се усогласуваат до влезот на земјата во еу, преку целиот преговарачки процес, а не како услови на почеток објаснува техничкиот преговарач на змејата со ЕУ , Бојан Маричиќ.

Документот со сет мерки кој го објави австрсикиот парламент при  е унилатерален и подготвен во бугарскиот парламент уште во октомври минатата година кога се очекуваше зелено светло за земјата да добие датум за преговори.  Договорот за добрососедство, македонскиот јазик и македонското малцинство во Бугарија се дел од прашањата за кои со Бугарија е веќе разговарано, наведува Маричиќ.

Денеска, во колумна реагираше и тимот на мекедонските историчари прозвани во бугарскиот документ во ЕУ по заклучокот за отворање преговарачка рамка.

-Можат бугарските историчари и политичари да мислат дека ќе постигнат „победа“ во спорот со Македонците, но тоа со сигурност нема Македонците да ги направи Бугари. Напротив, тоа ќе доведе до уште поголема поделба и недоверба помеѓу двата народи, вели Драги Ѓоргиев. член на мешовитата комисија на експерти од Бугарија и Македонија.