Италија: процентот на новозаразени паѓа, 415 мртви


Во Италија уште има премногу смртни случаи, но сите други показатели продолжуваат да се движат во вистинската насока, онаа на намалување на инфекцијата. Во последните 24 часа односот помеѓу откриените нови случаи и извршените тестови опадна на минимум од почетокот на епидемијата. Сега има само еден позитивен на 27 тестови. Во рамките на позитивните бројки се и излечените 2.622 лица. Исто така, опаѓа бројот на пациенти хоспитализирани со симптоми и оние на интензивна нега, како и на луѓето во куќна изолација.

Новите позитивни лица – 2.357, во проценти претставуваат најниско зголемување (+1,2), откако Цивилната заштита ги соопштува податоците од 24 февруари. Тие се за 664 помалку од вчера.

Бројката на починати сѐ уште е голема – 415, само пет помалку од вчера. Со тоа бројката на починати изнесува 26.384. Вкупниот број на инфицирани се искачи на 195.351. Излечени се вкупно 63.120 лица.