Масимо Фавила за „Независен“: Бројот на заразени во Италија е многу поголем од официјалниот


Слободанка Јовановска Бројот на заразени во Италија е многу поголем од тој што се кажува во дневните билтени, вели Масимо Фавила, експерт за епидемиологија, санитарен директор и поранешен раководител на одделот за превенција на регионот Пиемонт.  Според него, здравствениот сектор реагирал на врвно ниво, но бројот на болни истовремено бил зачудувачки неверојатен. „Каков ќе биде […]

„Алкалоид“: На пазарот има производи што претставуваат фалсификати на нашите средства за дезинфекција


„Алкалоид“ АД Скопје соопшти дека на пазарот има производи што претставуваат фалсификати на средствата за дезинфекција што ги произведуваат – Ecosal® и Dezintal®, а кои се воедно и нивни заштитени трговски марки. Од компанијата апелираат купувачите да внимаваат при купувањето, бидејќи фалсификуваните производи не ги исполнуваат стандардите за квалитет, при што би можело да дојде […]

Тајван донира 10 милиони маски на земјите кои се најтешко погодени од Ковид-19


Тајван ќе донира 10 милиони маски за земјите кои се најтешко погодени од новата пандемија на коронавирус, изјави денеска претседателката Цај Инг-Вен. Тајван ќе испрати седум милиони маски во 11 европски земји, вклучувајќи ги Италија, Шпанија и Германија, кои имаат најголем број на случаи, потврди за ДПА тајванското Министерство за надворешни работи. САД ќе добијат […]

Тестови за КОВИД 19 се вршат во пунктовите во поликлиниките „Јане Сандански“, Ченто, Чаир и Идадија


Министерството за здравство соопшти дека од денеска е во функција уште еден пункт за тестирање на коронавирус во Поликлиниката Идадија. Граѓаните на Скопје можат да се тестираат во четирите пункта и тоа во поликлиниките „Јане Сандански“, Ченто, Чаир и Идадија. Со ова, двојно е зголемен капацитетот за тестирање во Скопје. Од минатата недела во функција […]

Колку мораториумот ќе ги зголеми ратите на кредитите


Мирче Јовановски Врие на социјалните мрежи откако граѓаните кои имаат кредити во банките сфатија дека одложувањето на ратите и каматите не е бесплатно. Односно, дека додека нивните обврски кон банките мируваат, народски кажано „таксиметарот врти“. Банките за периодот од шест месеци ќе пресметуваат камата на долгот во мирување, која потоа, откако ќе помине тој рок, […]

Eкономски хроничар: „Ова е само почеток на кризата”


(Дојче Веле) Кризата со коронавирусот покажува сличности со воените економии, вели историчарот Албрехт Ричл во разговор за ДВ. Таа може да ги достигне димензиите на светската економска криза. Сепак, Германија е добро подготвена. Вие сте историчар и се занимавате со економските кризи. Кажете ни ги накратко главните одлики на една економска криза? -Намалување на побарувачката, […]

Џузепе Конте до Германците: „Ние пишуваме историја, а не учебник за економија“


Во интервју за германскиот телевизиски канал АРД, премиерот на Италија, Џузепе Конте ја повика Европа да покаже дека е „заедничка куќа“ и да демонстрира оти може да одговори на епохискиот предизвик на корона вирусот. Конте рече дека со корона обврзниците нема да се бара од германските граѓани да го платат долгот на Италија акумулиран во […]

„Откажан“ меѓународниот Ден на шегата поради корона вирусот


Во светот денеска, 1 април, се одбележува како Ден на шегата, кога луѓето соопштуваат лажни новости за другите да се смеат или да бидат во смешна ситуација, но оваа година тој ден се падна сред пандемија од корона вирус. Многу претпријатија одлучија годинава да не учествуваат во првоаприлските шеги. Меѓу нив е и Гугл, чија […]

Кина и Русија не прекинуваат со лажните вести за да ја ослабат Европа


Главната цел на лажните вести е да се тврди оти ЕУ била неподготвена за корона вирусот, а успешни биле само Кина и Русија   Кина и Русија продолжуваат да ја користат глобалната криза на корона вирусат за ширење лажни извештаи и други мрежни дезинформации, се вели во најновото ажурирање објавено во средата од тимот на […]

Убавата страна на карантинот: Индија продиша


Кога Индија влезе во карантин пред неколку дена, го направи тоа за заштита од корона вирусот. Но, за неколку дена се покажа дека таа одлука донесе корист, па така забележан е голем пад во бројот на штетни честички во воздухот. Државниот карантин во Индија значеше затворање на многу фабрики, супермаркети, продавници и канцеларии. Освен тоа, […]

Израел ќе ги следи граѓаните преку мобилните за да се бори со корона вирусот


Израелскиот парламентарен одбор и одобри на разузнавачката служба да собира лични податоци од граѓаните. Оваа контроверзна мерка израелските власти ја воведуваат во рамките на обидите да го запрат ширењето на заразата со коронавирусот. Израелската Влада на почетокот на март одобри безбедносната служба „Шин бет“ да собира лични поатоци од граѓаните преку нивните мобилни телефони за […]

И Стопанска банка нуди одлагање на ратите за кредитите


Шест месеци одложено плаќање за сите обврски доспеани од 29 февруари годинава по основ на сите кредити, кредитни картички и дозволено пречекорување заклучно со 30 септември годинава  е понудата од Стопанска банка АД Скопје за физичките лица. За корпоративните клиенти, погодени од кризата, Банката соопшти дека воведува олеснувања во сервисирањето на обврските кои во зависност […]

Ковид-19 успеа онаму каде што Маркс и Ленин не успеaја


Опасниот вирус ја внесе улогата на државата на голема врата.  И Доналд Трамп, најголемиот противник на државното мешање во пазарното стопанство ја повика државата на помош   НАНО РУЖИН Една од основните разлики помеѓу идеологиите на левицата и десницата, иако ова не важи кај нас, се однесуваат на прашањето на национализацијата и приватизацијата, односно етатизацијата […]

Путин ќе му прати медицинска помош на Трамп


Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков најави дека Русија  ќе испрати авион со медицинска и заштитна опрема во САД. – Се очекува авионот да полета до крајот на денот, изјави синоќа Песков. Тој додаде дека помошта е договорена во понеделникот за време на телефонскиот разговор помеѓу претседателот на Русија, Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп. […]

Јапонија на чекор во доведување вонредна состојба


Бројот на новозаразени од коорна вирусот во Јапонија забразнао се зголемува и земјата се наоѓа на прагот од прогласување вонредна состојба, изјави шефот на кабинет на премиерот Јошиде Суга. Иако во Јапонија има околу 2.200 заболени, а умреа 66 лица, што е многу помалку отколку во другите делови на светот, во зголемување се новите инфекции […]

Во Лондон почина 13-годишно дете заразено со корона вирус


Во Лондон умре 13-годишно дете кое било позитивно на корона вирус, соопшти болницата „Кингс колеџ хоспитал“. Весникот „Дејли мејл“ наведува дека Исмаил Мохамед Абдулвахаб од Лондон починал вчера во оваа болница и дека засега не е познато дали имал и други здравствени проблеми. „За жал умре 13-годишно дете кое беше позитивно на Ковид-19 и сега […]

Зошто терминот „физичка дистанца“ е подобар од терминот „социјална дистанца“


Светската здравствена организација (СЗО) започна да ја користи фразата „физичко дистанцирање“ наместо „социјално дистанцирање“ како начин да се спречи ширењето на новиот корона вирус од човек на човек, што е потег што многу експерти го поздравија како чекор во „вистинска насока“. Претставници на ова глобално здравствено тело изјавија дека иако е апсолутно неопходно да се […]

Снег во април


Времето во земјава ќе биде под влијание на влажен и студен воздушен бран и ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат обилни (над 25 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег. Во текот на денот врнежите ќе преминуваат од дожд во снег и во некои пониски места и ќе се формира […]

Сега повеќе од било кога потребна е солидарност-интервју со Коста Петров, писател и пи-ар експерт


  Лејла Сабит Насловот на неговата најпродава книга сега „Никој не рече дека ќе биде лесно“, вели, ни се случува сега, во екот на коронавирусот. Но Коста Петров , кој во изминативе 10 години како основач на компанија што работи во над 40 земји во светот, бил на врвот, го преживеал стравот и пиел кафе […]

Сообраќајот по влажни коловози, забрана за камиони на преминот Стража


Изутринава во шест часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Стража.Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, соопшто Автомотосојузот на Македонија (АМСМ). За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, […]