Во Лондон почина 13-годишно дете заразено со корона вирус


Во Лондон умре 13-годишно дете кое било позитивно на корона вирус, соопшти болницата „Кингс колеџ хоспитал“.

Весникот „Дејли мејл“ наведува дека Исмаил Мохамед Абдулвахаб од Лондон починал вчера во оваа болница и дека засега не е познато дали имал и други здравствени проблеми.

„За жал умре 13-годишно дете кое беше позитивно на Ковид-19 и сега сите наши мисли се со неговото семејство во овој момент, на кое му упатуваме сочувство“, се наведува во соопштението на болницата, пренесоа британските медиуми.