Телохранители на Бред Пит и Мадона ќе ги чуваат Хари и Меган


САД – Хари и Меган од денеска почнуваат со својот нов начин на живот без кралски привилегии, па веќе си избраа и лична заштита. За нивната безбедност се грижеа телохранители од Скотланд јард. Новиот тим, што го избра двојката, го сочинуваат луѓе кои се грижиле за познати јавни личности како Бред Пит, Анџелина Џоли, Мадона […]

За руското МНР приемот на Македонија во НАТО создава нови поделби


 Курсот на НАТО кон проширување единствено создава нови линии на поделби во момент кога на светот му треба обединување во борбата против коронавирусот, се вели во соопштение на руското Министерство за надворешни работи, по повод членството на Северна Македонија во Алијансата. Според Министерството, присоединувањето на Скопје кон Алијансата „не носи никаква дополнителна вредност ниту за […]

„Тесла“ ќе испорачува бесплатни респиратори низ светот


Американската компанија за производство на електрични возила и чиста енергија, „Тесла, соопшти дека бесплатно ќе испорачува респиратори и друга потребна опрема за болниците ширум светот во екот на пандемијата на коронавирусот. „Имаме дополнителни респиратори, што ги одобри ФДА. Им ги испорачуваме на болниците ширум светот во регионите на испорака на „Тесла“. Трошоците за уредите и […]

УПОЗ за вториот сет мерки: Владината одлука е хумана и со голема доза на солидарност


Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ (УПОЗ) ја поздравува одлуката на Владата и вториот сет мерки затоа што ги прифатила нивните барања и сугестии, особено оние што се однесуваат на платите во јавниот сектор и јавната администрација. „За Синдикатот на УПОЗ беше неприфатливо товарот на кризата да падне […]

Во Франција пишани 359. 000 казни за непочитување на мерките за ограничување


Министерот за внатрешни работи на Франција, Кристоф Кастанер соопшти дека во првите 15 дена од воведувањето на мерките за ограничено движење во Франција, поради Ковид-19, силите на редот извршиле 5,8 милиони контроли и казниле 359 000 лица, јави дописникот на МИА. -Тоа се контроли за да се заштитат Французите и да се гарантираат мерките за […]

Поддршка од НЕОКОМ АД за нормално функционирање на Македонската берза


НЕОКОМ преку својата платформа neoCloud  заедно со Македонска берза им овозможи специјална услуга на брокерите, со која во периодот додека трае кризата со коронавирусот COVID-19, бесплатно ќе може да се приклучат од далечина и да продолжат со редовните активности на берзата, согласно препораките од надлежните институции за непречено тргување во услови на физичко дистанцирање. -На тој […]

Минималецот за функционерите ќе заштеди 4 милиони евра во Буџетот


Ќе има и дополнителни кратења на непродуктивните расходи во Буџетот, најави денес министерката за финансии Нина Ангеловска   Има дополнителни расходи што се непродуктивни и ќе се кратат, покрај намалувањето на платите на функционерите и укинувањето на надоместоците за членовите на управни и надзорни одбори кои имаат приходи од друго место, најави денеска министерката за […]

На ГАК почина родилка од Охрид донесена со мртов плод, се утврдува дали имала Ковид-19


Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје соопшти дека доцна синоќа кај нив почина родилка на возраст од 37 години од Охрид, која вчера попладне е донесена во Скопје со возило на Брза помош во високо фебрилна состојба (телесна температура над 39 степени) и со мртов плод. На жената уште веднаш и е направена целосна […]

Забрана за камиони на Барбарос, Стража, Пресека и на патниот правец Маврово-Дебар


Поради интензивни врнежи од снег, забрана за движење за тешки товарни возила има на планинските премини Барбарос, Стража, Пресека и на патниот правец крак Маврово-Дебар, информираат од АМСМ. Сообраќајот за тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар е нормализиран. Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива, по влажни коловози. Врнежи од снег […]

Северна Македонија прв пат ќе седне на масата на НАТО како полноправна членка


Преку видеоконференција утре ќе се одржи првиот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, на кој полноправно ќе учествува и Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел. Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, утрово го најави дневниот ред на утрешниот министерски совет, кој за прв пат ќе се одржи преку […]

Анѓушев донира болнички кревети и медицински мебел за болницата „Св. Наум Охридски во Скопје“


Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје  денеска информира дека добила донација на медицинска опрема во болнички кревети и останат медицински мебел во висина од 1,5 милиони денари од Кочо Анѓушев за еден кат од одделот за абдоменална хирургија. -Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје со новонастанатата состојба со Ковид […]

Три сценарија за кусок во Буџетот – од 700 милиони до 1,3 милијарди евра


Министерството за финасии има три основни сценарија – поволно, неповолно и најнеповолно за справување со последиците што ги предизвика коронавирусот во економијата, а најголемиот удар во сите се очекува во вториот квартал од годинава, најави денеска министерката за финасии Нина Ангеловска. „Многу е тешко за економските аналитичари, вклучително и за меѓународните финансиски институции,  да ги […]

Врнежи од снег до утре претпладне, до сабота наутро температурата под нула


Сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер ќе преовладува во текот на утрешниот ден. Претпладнето се уште ќе има повремени врнежи од снег во источните делови. Утринските температури до сабота во поголем дел од земјава ќе се спуштаат под нула, но се очекува на места да се задржи снежната покривка. […]

Во ГАК се третираат родилки позитивни на коронавирусот


Еден оддел на Гинеколошко-акушерската клиника (ГАК) во Скопје е изолиран за третман на заразени и суспектни случаи со Ковид-19, според строго утврдени протоколи, пишува Дојче веле. Родилки позитивни на коронавирусот се третираат во изолирано одделение на Универзитетската Гинеколошко-акушерска клиника (ГАК) во Скопје. Таа мерка е претходно донесена, веќе позната, и се спроведува според строго утврдени […]

Симболика во корона-криза: Дали Вилијам и Кејт се спремни за крал и кралица?


Англија- Изминативе месеци беа тешки за принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, но исто така беше период во кој тие покажаа зрелост дека можат да ја предводат британската монархија во корона-криза. Откако принцот Хари и Меган Маркл се повлекоа од кралските должности и се преселија во Лос Анџелес, неопходното повлекување и на кралицата Елизабета во замокот […]

Илијанчо Гаговски: Шпекулациите за опасност од 5Г мрежа се глупости и небулози без научна потврда


Глупости и небулози без никаква научна потврда се шпекулациите за опасноста од 5Г мрежа, вели поранешниот прв човек на канцеларијата на „Мајрософт“ во земјава и директор на „ПримАпс“, Илијанчо Гаговски, додавајќи дека оваа мрежа има нејонизирачко зрачење и не може лошо да влијае на здравјето на луѓето. – 5Г е петтата генерација, наследник на 4Г. […]

За 24 часа во државава нови 318 лица во изолација и самоизолација


Во изминатото деноноќие на територијата на нашата држава на 101 лица им се издадени решенија за изолација, а 217 лица потпишале изјава за самоизолација. Како што соопшти МВР, полицајците во извршените контроли над лица во изолација и самоизолација, констатирале дека во два различни случаја, две лица што биле во самоизолација не се затекнати во својот […]

Италија: „Биолошки бомби“ се домовите за нега каде се праќаат пациенти со Ковид 19


Италијанските лекари и синдикати предупредуваат дека владината политика да испраќа пациенти ослободени од болница, но сепак позитивни на корона вирусот во домовите за нега е како подготвување „биолошки бомби“. Со над 28.000 лица во болница, вклучувајќи повеќе од 4.000 на интензивна нега, креветите треба да бидат ослободени што е можно поскоро, а оние кои не […]

(Фото) Чаршафи наместо излози: Луксузот се сели од Њујорк


САД- Со тоа што Њујорк е епицентарот на пандемијата на коронавирус во САД, некои од најпопуларните трговски улици во градот лоцирани во населбата Сохо се затворени. Фотографиите снимени од светски познатата област – дом на луксузни трговци на мало како Диор, Луј Витон, Коуч и Долче и Габана – прикажуваат необично различен Сохо. Тротоарите некогаш […]

Пристига „Period Spirit“: Парфем кој ви помага при менструални тегоби


Шведска- Креаторите тврдат дека секое есинцијално масло во парфемот е специјално избрано за да ви ги реши менструалните тегоби. Шведска компанија која произведува помагала за жените при породување и вежби, го лансира овој најконтраверзен производ во козметичката индустрија, инспириран од менструацијата. Овој еликсир со урамнотежени PH вредности содржи дури 401 есенцијално масло (меѓу нив бергамот […]