Европската комисија предлага нов инструмент за помош на фирмите погодени од Ковид-19


Европската комисија денеска најави програма за скратено работно време, за која ќе гарантираат земјите-членки, а која ќе им помогне на фирмите во најтешко погодените држави да ги задржат работниците. Инструментот детално ќе биде претставен до крајот на неделата, а е осмислен со цел да ги обесхрабри фирмите да отпуштаат работници. – Ова е европската солидарност […]

Лицата во изолација ќе се следат преку мобилна апликација


Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција информира дека лицата кои се во изолација ќе се следат преку мобилна апликација која во моментов се изработува по примерот од европските земји. -Лицата во изолација ќе бидат следени електронски, тоа е нешто што го работиме заедно со Министерството за администрација и информатичко општество, веќе се озработува […]

Силни критики за Фон дер Лајен поради Унгарија


Медиумите и граѓанското општество упатија силни критики за претседателката на Европската комисија поради тоа што во изјавата со која се осудува загрозувањето на демократијата во Унгарија, таа ниту еднаш не го спомна експлицитно името на оваа држава, јавува дописничката на МИА од Брисел. Откако изби кризата со коронавирусот, владата на Орбан си додели надлежности без […]

За јануари, февруари и март граѓаните ќе добијат 5,59 милиони евра од Мој ДДВ 


Од Владата велат дека не се разговара за целосно укинување или стопирање на проектот Мој ДДВ За јануари, феврури и март годинава на граѓаните кои скенирале фискални сметки во текот на следниот месец ќе им бидат исплатени 343.803.953 денари или 5,59 милиони евра. Во овој период се скенирани 49.946.278 фискални сметки, остварен е промет од […]

Трајко Славески се огради од мерките на Владата


Трајко Славески, кој е член на Економскиот совет што го формираше Владата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се огради од економските мерки што се промовираа вчера, тврдејќи дека за најбитните од нив – воопшто не бил консултиран. -Тука би ја искористил приликата да разјаснам дека ниту јас како член и претставник на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ […]

Ограничувањата на извозот може да предизвикаат недостиг на храна во светот


Постои ризик од „недостиг на храна“ во светот, како резултат на влијанието на коронавирусот врз светската трговија и синџирите на снабдување, предупредија Светската здравствена организација (СЗО), Обединетите нации и Светската трговска организација (СТО). „Несигурноста околу достапноста на храна може да предизвика ограничувања на извозот, што може да создаде недостиг на светскиот пазар“, се наведува во […]

МАПАС не ги дава парите од приватниот пензиски фонд


 Средствата на задолжителните пензиски фондови се во сопственост на членовите на пензиските фондови. Тие се евидентирани на индивидуални сметки во пензиските фондови и претставуваат личен имот на членот. Секоја интервенција врз средствата на членовите е исто како интервенција во штедна сметка во банка, удели во инвестициски фонд и слично. Секоја интервенција на уплатата на придонесите […]

Куманово бара да се прогласи кризна состојба во градот


Општинскиот кризен штаб Куманово на денешната 17-та седница побара од Владата да прогласи кризна состојба во Куманово и да воведе посебен контролен режим на влезовите и излезите од градот. – Бараме од Влада на Република Северна Македонија да прогласи кризна состојба во Општина Куманово и да воведе посебен контролен режим на сите влезови и излези […]

Филипче: Медицинска сестра од Куманово е позитивна на корона вирусот


Сите пациенти од заводот за рехабилитација се испишани и упатени на домашно лекување. Во Охрид е завршен увидот, изречени се казни на претходната директорка, на доктори специјалисти од одделот инфектологија, како и на самата институција. Министерот за здравство Венко Филипче најави и увид од лекарската комора, а ќе заседава и етичката комисија на лекарската комора. […]

Стопанска комора: Без нови мерки товарот од кризата ќе падне на приватниот сектор


Стопанската комора на Македонија очекува Владата да донесе и нови мерки за справување со последиците од корона кризата врз стопанството и вели дека дури тогаш ќе може да се оцени нивниот вистински ефект врз економијата. „Ние претпоставуваме дека ова не е последниот сет на мерки и дека ќе следат нови штом државата обезбеди дополнителни финансиски […]

Прва жртва на корона вирусот во српската Влада


Државниот секретар во српското Министерство за заштита на животната средина, Бранислав Блажиќ почина од Ковид-19, беше објавено во српските медиуми. Блажиќ пред пет дена бил приклучен на респиратор и тогаш неговата состојба била стабилна. Но, денеска му се влошила, што резултирало со смрт.

Српската влада обвинета за цензура


Српската Влада на 28 март донесе заклучок за информирање во време на пандемијата на Ковид 19 со кој информирањето на јавноста се централизира, пишува денес весникот „Данас“, додавајќи дека заклучокот ниту е објавен на веб-страницатана владата, ниту официјално некој има објавено дека тој е усвоен. Весникот „Данас“ наведува дека заклучокот предвидува секој што објавува информации […]

Кинески научници изолираа антитела кои го блокираат продирањето на корона вирусот


Тим кинески научници изолираше неколку антитела, за кои се тврди дека се „исклучително ефикасни“ во спречување на продирањето на корона вирусот во клетките. Ваквите сознанија можат да бидат употребени за лекување и превенција на заразата со овој вирус. Научникот Жанг Линк од Универзитетот Џинхуа во Пекинг вели дека лекот против Ковид-19, кој би бил направен […]

Општина Аеродром: Компјутери за учениците од ранливите категории


Училиштата во Општина Аеродром обезбедија компјутери за учениците од социјално ранливите категории, со цел непречено одвивање на онлајн-наставата. – На овој начин, сите ученици ќе имаат можност да се вклучат во алтернативниот вид настава преку платформата „Гугл класрум“, истакнаа од Општина Аеродром. Во Општина Аеродром, како што наведоа, успешно се одвива онлајн-наставата во сите училишта […]

Нова жртва на корона вирус, 65-годишна пациентка


Денеска од Клиниката за инфективно се испишани пет пациенти, негативни на корона вирус. На 11 од 28 пациенти во Дебар кои се на домашно лекување, им се земаат брисеви за тест. Има уште еден смртен случај, пациентка на 65-годишна возраст, со болести на белите дробови и болести на срцето, рече министерот за здравство Венко Филипче. […]

Нобеловецот Левин: Забавува епидемијата на вирусот во Италија и Њујорк


Англија – Угледниот научник од Универзитетот во Станфорд и добитник на Нобеловата награда, Мајкл Левин, вели дека забавува епидемијата на коронавирусот во Италија и во Њујорк. Тоа се двете најзагрозени места во светот во кои се наоѓаат 260.000 од вкупно 750.000 потврдени случаи на заразата. Италија стана епиценатрот на заразата откако Кина успеа да ја совлада […]

Ангеловска: Никаде не се простуваат каматите на кредитите


Министерката за финансии Нина Ангеловска не им забележува на банките затоа што тие пресметуваат камати на основицата на долгот во шестмесечниот период колку што трае одложувањето на ратите од кредитите. Одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција, таа рече дека е неопходно да се одржи стабилноста на банкарскиот систем. „И во земјите кои воведоа таканаречен […]

Жена одби респиратор: Имав добар живот, приклучете некој помлад


Постара жена почина во Белгија откако одби да биде приклучена на респиратор, порачувајќи дека имала добар живот, а лекарите да му помогнат на некој друг, помлад човек кој се бори со корона вирус. Сузан Хоилертс (90) од Бинком, Белгија им рекла на лекарите да не ја приклучуваат на респиратор. „Не сакам да ме ставите на […]

Парискиот аеродром Орли затворен поради Ковид-19


Франција – Како резултат на епидемијата на коронавирус, аеродромот Орли во Париз вчера вечер ги затвори вратите на неодредено време. Сепак, тој ќе продолжи да прифаќа државни и медицински летови и пренасочувања во итни случаи, јави дописникот на МИА. По првпат во својата историја и неговиот концесионер Групата АДП, аеродромот Орли-Париз ги затвори своите врати на […]