Филипче: Медицинска сестра од Куманово е позитивна на корона вирусот


Фото: Б. Грданоски

Сите пациенти од заводот за рехабилитација се испишани и упатени на домашно лекување. Во Охрид е завршен увидот, изречени се казни на претходната директорка, на доктори специјалисти од одделот инфектологија, како и на самата институција.

Министерот за здравство Венко Филипче најави и увид од лекарската комора, а ќе заседава и етичката комисија на лекарската комора.

Пациентка од Штип која таму била примена на 26 март, со прв негативен брис. Таа има 80 години се лекувала на одделението за инфективни болести, но по влошување на состојбата и на 30 март е повторно упатена на клиника, тестот е позитивен.

– Заради внимание, четири медицински лица ќе бидат во самоизолација. Направена е прераспределба на медицинските сестри, осум ќе ротираат од други одделенија. Една медицинска сестра од Куманово која работи на Клиниката за пулмологија, минатата недела била во резервен тим, вчера почувствувала зголемена телесна температура, земен е брис. Истата е позитивна на корона, за овие два дена додека била на клиниката била со целосна заштита опрема, но направени се интервјуа и со колегите, па ќе се постапи согласно податоците, рече Филипче.