Жена одби респиратор: Имав добар живот, приклучете некој помлад


Постара жена почина во Белгија откако одби да биде приклучена на респиратор, порачувајќи дека имала добар живот, а лекарите да му помогнат на некој друг, помлад човек кој се бори со корона вирус.
Сузан Хоилертс (90) од Бинком, Белгија им рекла на лекарите да не ја приклучуваат на респиратор.
„Не сакам да ме ставите на респиратор. Сочувајте го за некој помлад. Имав добар живот“, рекла таа.
Таа во болница била примена на 20 март, кога ја тестирале на корона вирус. Била позитивна, сместена е во изолација и нејзината ќерка Џудит не успеала да се поздрави со неа пред смртта.

„Немав прилика да се простам од неа, ниту да присуствувам на погребот“, вели Џудит, која не знае како се заразила нејзината мајка, пренесе Фокс њус.