Во Франција пишани 359. 000 казни за непочитување на мерките за ограничување


Министерот за внатрешни работи на Франција, Кристоф Кастанер соопшти дека во првите 15 дена од воведувањето на мерките за ограничено движење во Франција, поради Ковид-19, силите на редот извршиле 5,8 милиони контроли и казниле 359 000 лица, јави дописникот на МИА.

-Тоа се контроли за да се заштитат Французите и да се гарантираат мерките за ограничено движење, рече Кастанер.

Според него, „не се заминува на одмор за време на период на ограничено движење“

-Барам од сите оние кои планираат да патуваат за одмор да сфатат дека истовремено, прво се изложуваат тие, а потоа и нивните блиски. И потоа територијата каде ќе одат, нагласи тој.

Притоа францускиот министер за внатрешни работи најави построги контроли на излезите од големите градови, за да се спречи заминувањето на одмор.

Наспроти зголеменото семејно и родово насилство од воведувањето на мерките за ограничено движење, Кристоф Кастанер потсети дека жртвите можат да пријават насилство преку СМС на бројот 114. Овој број кој е резервиран за глуво-немите лица, дозволува да се предупредат силите на редот.