Малку повеќе надеж во Италија околу корона вирусот


Денешниот биланс од корона вирусот во Италија дава повеќе светлина отколку сенки – зголемувањето на заболните е 2.477 лица (во вторникот имаше 2.107, а вчера 2.937). Брисеви им се земни на 39.809 луѓе, околу пет илјади повеќе од вчера. Бројката е позитивна затоа што и покрај тоа што денес се направени многу повеќе брисеви, зголемувањето […]

Филипче: Имаме направено најголем број тестови на милион жители од целиот регион


Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конференција во Владата информираше дека досега се направени вкупно 4.117 тестови за коронавирусот и оти земјава има направено најголем број тестови на милион жители од сите земји во регионот. –  Само Словенија има повеќе од нас. Значи над 2.000 тестови на милион жители што се смета за огромна […]

Ди Каприо и вдовицата на Џобс донираа 12 милиони долари за помош во храна во екот на корона-кризата


САД- Леонардо Ди Каприо, Лорен Пауел Џобс, Епл и Фондацијата Форд собраа 12 милиони долари за стартот на Американскиот фонд за храна, кој ќе им помогне на Американците во недостиг на храна за време на пандемијата на коронавирус. Со иницијативата ќе координира платформа за прибирање финансиски средства GoFundMe, а приходите ќе одат и во Светска […]

Кралски аларм: Круните во борба против коронавирусот


Шведска- За кралевите и кралиците во Европа, пандемијата на коронавирус почнува да изгледа како воено време. Далеку од рутинските церемонии што ги исполнуваат нивните вообичаени распореди, монарсите на континентот се појавуваат на ТВ во последно време за да ги смират и да им даваат упатства на нивните народи на начин што не се случил од […]

Доктор психијатар од болницата во Демир Хисар позитивен на корона вирусот


Доктор-психијатар од психијатриската болница во Демир Хисар е позитивен на новиот корона вирус. Ова денеска го истакна министерот за здравство, Венко Филипче, кој додаде дека се направени сите епидемиолошки мерки за тој случај. Докторoт најверојатно бил во контакт со првиот заболен во Прилеп, но бил асимптоматски. „Потврден е доктор психијатар што работел во Психијатриската болница […]

На веб-страница сите информации за корона вирусот


Отворена е нова веб-страница koronavirus.gov.mk каде граѓаните ќе можат да ги најдат сите информации за заштита од корона вирус. Како што соопшти министерот Венко Филипче, на страницата ќе бидат сите податоци кои се споделуваат со јавноста околу корона вирусот. Адресата на новата владина „Коронавирус МК” веб-страница е koronavirus.gov.mk, на која граѓаните ќе можат да се […]

Владата денеска ќе свети сино по повод Меѓународниот ден за подигање на свеста за лицата со аутизам


Светот денеска го одбележува 2 Април, Меѓународниот ден за подигање на свеста за лицата со аутизам, и во знак на поддршка на лицата со аутистичен спектар на нарушувања светот се бои во сино. На овој Меѓународен ден порачуваме дека различностите не поврзуваат и дека општеството можеме да го направиме за сите. -Владата на Република Северна […]

Нема големо намалување на бројот на вработени, вели Спасовски


Премиерот Оливер Спасовски вели дека нема драстични отпуштања од работа по кризата со коронавирусот и апелира работниците да не потпишуваат спогодбени откази, а работодавачите да покажат солидарност и да понесат дел од товарот затоа што и после кризата  сите заедно треба да ја продлжат економската активност на државата. Наместо секој да калкулира и да гледа […]

(Во живо) Прес на министерот Филипче


Министерот за здравство Венко Филипче денеска во 17 часот ќе одржи прес-конференција, за најновиот развој на состојбата со заболени од корона вирусот. Проследете ја во живо:

Донација од „Тинекс“ од 100.000 денари за Клиниката за инфективни болести


Како знак на поддршка на здравствениот систем и здравствените работници и нивниот придонес во борбата против корона вирусот, компанијата „Тинекс“ денес донираше повеќе работи во вредност од 100.000 денари. Тие се наменети за потребите на Клиниката за Инфективни болести во Скопје. Материјалната донација на „Тинекс“ се состои од 100 сета постелнини (креветски чаршафи и навлаки […]

Германија ќе ја спасува економијата со девет милијарди евра


Германскиот министер за финансии Олаф Шолц денеска изјави дека се одобрени околу девет милијарди евра од помошта ветена во рамките на владиниот антикризен пакет за намалување на економските последици од пандемијата на  коронавирусот. Владата соопшти дека се поднесени 1.800 апликации, од кои досега се одобрени 1.500. Германскиот Парламент минатата недела го укина уставното ограничување за […]

Каракачанов најавил бугарска помош за Македонија околу корона вирусот


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска  имаше телефонски разговор со министерот за одбрана на Република Бугарија, Красимир Каракачанов. Во разговорот бугарскиот колега и честиташе на министерката Шекеринска на членството во НАТО и притоа најави директна помош од Бугарија во заштитата на нашите граѓани од ширењето на Covid-19, како и можност за користење на нивните капацитети за […]

ВИДЕО од првиот виртуелен министерски состанок на НАТО


Денес попладне започна првиот дигитален министерски состанок на НАТО во историјата посветен на кризата со корона вирусот. На дневен ред се и други теми, а за нас куриозитет е што за првпат како преставник на земја членка ќе учествува и шефот на дипломатијата Никола Димитров, овојпат од Скопје. -Иако не сме во иста просторија, прекрасно […]

Градежниот сектор стравува за ликвидноста, се бараат превентивни мерки


Компаниите од градежниот сектор стравуваат дека веќе во април би имале проблем со ликвидноста и оти за брзо време градежништвото може да биде дел од најзасегнатите сектори поради што од Стопанската комора на Македонија бараат превентивно да се делува затоа што краховите во овој сектор најчесто доведуваат до трајни загуби. „Кај градежните компании владее страв […]

Се бара деновите од 4 до 20 април да бидат неработни


Конфедерацијата на слободни синдикати и Македонското здружение за заштита при работа денеска испратиле предлог до Владата деновите од 4 до 20 април да бидат неработни.Причината за ваквиот предлог, како што наведуваат во денешното соопштение, се предвидувањата дека пикот на пандемијата ќе биде кон средината на април, а во тој период има големи верски празници како […]

ЕУ и земјите од Западен Балкан заедно ќе набавуваат медицинска опрема


Сите шест партнери на ЕУ од Западен Балкан – Северна Македонија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово го потврдија своето учество во договорот за заеднички набавки, што се однесува на медицинска и друга опрема за справување со коронавирусот, соопшти денеска еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. – Заедно се бориме против коронавирусот. Задоволен […]

Твитер брише владини пропаганди


Твитер денеска отстрани илјадници сметки од Србија, Египет, Хондурас, Индонезија и Саудиска Арабија за постапување според владини директиви или за промовирање провладина содржина. Како што пренесуваат странските агенции, Твитер и останатите социјални мрежи се под притисок да ги отстранат сите дезинформации и говор на омраза од нивните платформи, кои исто така се зголемени поради пандемијата на коронавирусот. […]

Невработеноста урива рекорди во САД


Вашингтон – Бројот на Американци кои поднеле побарувања за бенефиции за невработеност, дојде на рекордно високо ниво од повеќе од шест милиони минатата недела, бидејќи повеќе уредби ги воведоа мерките за престој во домашни услови за спречување на пандемијата на корона вирус, за кои економистите велат дека ја туркаат економијата во рецесија. Неделниот извештај за […]

Телеком ќе праќа електронски сметки


 Македонски телеком согласно уредбата на Владата за примена на електронски фактури ќе избегне изготвување достава на фактури во хартиена форма и ќе поттикне електронско плаќање од дома.  Од компанијата ги информираат корисниците на мобилни усуги и  Magenta 1 пакети, кои немаат активирано е-сметка, дека ќе добијат известување и насоки за преземање на сметката за март преку […]

Заедничкиот „непријател“ ги смири Русија и САД?


Москва и Вашингтон би требало да ги здружат силите во борбата против корона вирусот, изјави претставничката на министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова. „Добро ја чувме пораката на Стејт департментот за значењето на заедничките напори во борбата против корона вирусот. Тука посебно се ситакнува дека нашите две земји во минатото, во текот на […]