Малку повеќе надеж во Италија околу корона вирусот


Денешниот биланс од корона вирусот во Италија дава повеќе светлина отколку сенки – зголемувањето на заболните е 2.477 лица (во вторникот имаше 2.107, а вчера 2.937). Брисеви им се земни на 39.809 луѓе, околу пет илјади повеќе од вчера. Бројката е позитивна затоа што и покрај тоа што денес се направени многу повеќе брисеви, зголемувањето на пациентите е помало: 1 пациент на секои 8,5 направени брисеви, 11 проценти, или најниска бројка за сега веќе еден месец.

Но сепак имаше огромна бројка на починати – 760. Со тоа вкупната бројка на починати изнесува 13.915 лица. Бројот на излечените е 1.431, што е зголемување од вчера. Со тоа има 18.278 излечени.