ВИДЕО од првиот виртуелен министерски состанок на НАТО


Денес попладне започна првиот дигитален министерски состанок на НАТО во историјата посветен на кризата со корона вирусот. На дневен ред се и други теми, а за нас куриозитет е што за првпат како преставник на земја членка ќе учествува и шефот на дипломатијата Никола Димитров, овојпат од Скопје.

-Иако не сме во иста просторија, прекрасно е да ве видам сите, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг, порачувајќи дека епидемијата влијае и на начинот како работи НАТО. Тој изрази почит кон умрените и порача дека е уверен дека ќе се ја победат пандемијата со меѓусебна солидарност.