Кралски аларм: Круните во борба против коронавирусот


Шведска- За кралевите и кралиците во Европа, пандемијата на коронавирус почнува да изгледа како воено време.

Далеку од рутинските церемонии што ги исполнуваат нивните вообичаени распореди, монарсите на континентот се појавуваат на ТВ во последно време за да ги смират и да им даваат упатства на нивните народи на начин што не се случил од Втората светска војна.

Во говорот пред нацијата, кралот на Шведска се обиде да изрази солидарност и во исто време да ги обедини граѓаните зад владината линија дека социјалното растојание е неопходно за забавување на ширењето на коронавирусот.

„Многу луѓе се загрижени за нивното здравје, за нивните роднини, за нивните средства за живот“, рече кралот Карл Шеснаесетти Густаф. „Ние сме во ситуација што бара луѓето да преземат одговорност“.

Зошто некоја земја има монарх ако не може да им помогне на луѓето во најтемниот час?

Кралското семејство на Шведска не е единственото што и се обрати на јавноста за време на кризата. Во средината на март, кралевите на Норвешка, Белгија и Холандија им се обратија на своите граѓани, како и кралицата на Данска. Во Лондон, кралицата Елизабета Втора објави писмено соопштение.

„Утешна порака помага да се олесни непосредното чувство на опасност“, вели Кристина Вистестет, истражувач од универзитетот Стокхолм, која ја проучува улогата на претставниците на кралското семејство во општеството.

„Ова сè уште не е национална катастрофа, но многумина се вознемирени и загрижени“, изјави за состојбата со коронавирусот во Шведска.

Кралските настапи се важни и заради зајакнување на идејата дека кризата бара распоредување ресурси и чувство на колективна жртва, исто како во воени услови.

Во Шведска, кралот Карл Густаф, кој има 73 години, се обиде да им се обрати на лицата на своја возраст кои се изложени на најголем ризик од коронавирусот, но кои не навлегуваат во нивните слободи како граѓани.

Пристапот на Шведска отстапува од патот што се презема во повеќето други европски земји. Училиштата во оваа земја која со години наназад има највисок стандард во светот, во најголем дел остануваат отворени и собирите до 50 лица сè уште се дозволени. Сепак, универзитетите се затворени и на вработените им е кажано да останат дома колку што е можно повеќе. На постарите лица им било кажано да водат посебна грижа во изолација. Некои академици предупредуваат дека стратегијата на владата  претставува игра на „руски рулет“ што ризикува милиони луѓе.

„Треба да ги слушаме советите на нашите специјалисти и на нашите власти“, рече кралот во своето обраќање. „Кралицата и јас и нашето семејство се обидуваме да го следиме овој совет колку што можеме.“

Реакцијата во шведските медиуми за говорот на кралот беше претпазливо позитивна.

„Кралот знае што е потребно и го стори тоа“, напиша колумнистот Лена Мелин во шведскиот весник „Афтонбладет“. „Не е брилијантен, туку јасен глас“.

Поддршката за кралското семејство во Шведска е стабилна, но не и преголема. Една неодамнешна анкета покажа дека околу 50% од испитаниците имаат „многу или доста доверба“ во кралските семејства.

Во Шпанија, каде кралското семејство неодамна беше вмешано во скандал со корупција, говорот на кралот Фелипе Шести беше пречекан со какофонија на тропање на тенџере и револт меѓу илјадници Шпанци во карантин, кои излегоа на нивните балкони за да го искажат своето неодобрување.

Сепак, неодамнешната историја покажа дека говорите на монарсите во време на војна и во други периоди на криза или вонредна состојба имаат тенденција да му помогнат на угледот на кралската куќа и да го зајакнат моралот во земјата.

Кога шпанскиот крал Хуан Карлос излегол на телевизија во 1981 година за да се осуди државен удар, моментот подоцна се сметаше за клуч за последователното пропаѓање на востанието.

И во 2004 година, кралот Карл Густаф презеде изненадувачка улога како фигура „татко на нацијата“, додека неговата земја ги оплакуваше 543 Швеѓани убиени од азиското цунами.

Ако, како што е веројатно, кризата со коронавирус се влошува, а бројот на загинати продолжува да расте, монарсите во Европа може да бидат повикани да играат повторно ваква улога.

За другите, можеби е доцна да се спаси заболената институција. Националната катастрофа само ќе ги разоткрие границите на нивната моќ и нивната оддалеченост од народот.

„Нема многу што кралот можеше да каже за кризата што ја слушав“, рече Линдел,  уметнички директор од Шведска. „Но, ако тој ја отвори палатата и стави болнички кревети во неа, можеби тоа би било нешто“.