Што, всушност, се случува со вториот пензиски столб во Естонија


Мирче Јовановски Предлогот на ВМРО–ДПМНЕ за блиц реформа во пензискиот систем во земјава стана жешка тема на расправа во јавноста кај нас. Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, повикувајќи се на реформите во Естонија, се заложи Вториот пензиски столб во земјава (или Задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување) да се припои на државниот пензиски фонд и така […]

Бајден го повика Трамп да ги ублажи санкциите и да помогне на Иран во екот на пандемијата


Џо Бајден ја повика администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ги ублажи санкциите за Иран во пресрет на пандемијата КОВИД-19. Поранешниот потпретседател на САД Бајден изјави дека има потреба да се помогне Иран и другите земји кои се најтешко погодени од пандемијата на коронавирусот. „Во време на глобална криза, Соединетите држави треба да им […]

Претседателот на иранскиот парламент позитивен на вирусот


Претседателот на иранскиот парламент Али Ларијани е позитивен на корона вирусот, соопшти иранскиот парламент. Според АП, Ларијани е највисок функционер во иранската влада кој е позитивен за вирусот. Во соопштението објавено на веб-страницата на иранскиот парламент се вели дека Ларијани прима терапија. На Блискиот исток, потврдени се повеќе од 82.000 случаи и 3.600 жртви, повеќето […]

Бројот на заболени во светот надмина милион


Бројот на заболени со новиот коронавирус во светот надмина еден милион. Најголем број заболени има во САД, Италија и Шпанија. Во земјава вчера се регистрирани нови 30 случаи со што бројката на заболени е 384 лица. Надлежните го очекуваат пикот кон крајот на април, а покрај веќе преземените мерки, од следната недела во целосна функција […]

Променливо облачно со локален дожд и температура од 7 до 13 степени


Времето денеска ќе биде променливо облачно, во јужните делови со слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, особено изразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната од 7 до 13 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура […]

Застој во мелничката индустрија поради фиксираните цени, трговците продаваат српско брашно


Намерно или ненамерно уништување на мелничката индустрија, една од малкуте што работи во моментов, што дава плати и плаќа придонеси и даноци. Вака млинарите ја оценуваат владината Одлука со која се забрани покачување на цената на основните производи, односно се наложи тие да останат до нивото на кое биле заклучно со 11 март годинава. Според […]

Сала: Ако се распадне Милано, ќе се урне цел здравствен систем на Ломбардија


Сега преминуваме од здравствена на економско-социјална криза. Граѓаните ја чувствуваат и навистина се загрижени, изјави градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, предупредувајќи дека целиот здравствен систем на Ломбардија ќе се распадне, доколку се распадне Милано. Тој истакна дека во Милано и околината моментно има околу 10.000 заразени лица со коронавирус, а само во градот се околу […]

Светска банка помага за надминување на последиците од пандемијата


Светска банка денеска го одобри првичниот глобален пакет од 1,9 милијарди американски долари за надминување на кризата предизвикана од пандемија на вирусот што 25 земји низ целиот свет, вклучувајќи ги и оние во Европа и Централна Азија, ќе можат да го примат и користат по итна постапка. Покрај тоа, како што одлучи Одборот на директори […]

Бројот на заразените од корона во светот надмина еден милион


Глобалниот број потврдени случаи од корона вирусот ја помина точката од еден милион според податоците собрани од истражувачите од универзитетот „Џо Хопкинс“. Бројот на потврдени смртни случаи поминал 50.000, според истите истражувачи. Италија останува земја најтешко погодена од појавата на епидемија, со 13.915 смртни случаи, а потоа следува Шпанија, со 10.003 смртни случаи. САД сега […]

Кој ја плати руската медицинска помош за САД?


Русија испрати воен авион со заштитни средства и вентилатори во Соединетите Американски Држави во средата за да и помогне на земјата да се бори со смртоносниот коронавирус. По кратко време, САД соопштија дека ги купиле медицинските материјали од Русија, ставајќи го под прашалник првичниот опис на Кремљ дека пратката била руска хуманитарна помош.Кој навистина плати […]

Заев: Јас лично, но и Владата очекуваме банките да ги намалат каматите


Владата се обратила до Банкарската асоцијација со барање банките да ги намалат каматите, изјави вечерва лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за Канал 5. „Ние бараме таквата камата да биде намалена. Јавно кажувам дека Владата се обрати до банките со вакво барање, затоа што Народната банка ја намали задолжителната резерва која беше трошок за […]

Како температурата влијае на корона вирусот?


  Иако до сеха податоците во врска со влијанието на температурата врз ширењето на корона вирусите се различни, изгледа дека најновото истражување во Грција покажа дека висруот помалку се пренесува во земјите со високи температури. Студијата ја спроведе Белодробната клиника на Универзитетот во Тесалија, во соработка со Центарот за интердисциплинарни истражувања на Националниот технички универзитет […]

Од сабота во 13 часот до понеделник во 05 забрана за движење во цела Србија


Српскиот претседател Александар Вучиќ денес по седницата на кризните штабови ги заостри мерките во борбата за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Вучиќ на прес конференција најави дека од сабота во 13 часот до понеделник во 05 ќе биде забрането движењето на територија на цела Србија, освен […]

Заев бара да не се стигматизираат заболените


Како здрава и солидарна нација мора да помагаме и да даваме поддршка на инфицираните, а не да стигматизираме и да покажуваме со прст кон нив“, оцени претседателот на СДСМ Зоран Заев на денештото гостување во Канал 5. Тој нагласи дека во таква ситуација може да се најде секој од нас, од нашите семејства и блиски […]

Заев:  Во Словенија и Бугарија не помина економското цунами на ВМРО-ДПМНЕ


Осврнувајќи се висината на економската поддршка што Владата ја обезбедува за работниците и за стопанството, особено споредбено со земјите од регионот, претседателот на СДСМ Зоран Заев во интервју за Канал 5 нагласи дека  Македонија обезбеди помош соодветна на висината на БДП на земјата, но и на економската состојба на земјата во која ја остави ВМРО-ДПМНЕ. […]

Од 25 до 50 отсто од заразените со корона немаат симптоми, но можат да заразат други


Повеќе нови сознанија покажуваат дека луѓе без симптоми го поттикнуваат ширењето на корона вирусот, поради што во САД се разговара на високо ниво дали општата популација треба да носи маски. Како што јави „Си-Ен-Ен“, новите податоци од Исланд покажуваат дека 50 отсто од луѓето кои биле позитивни на тестовите за корона вирус, изјавиле дека немале […]

Дали корона вирусот ќе ја убие нафтената индустрија и ќе ја спаси планетата?


Аналитичарите велат дека корона вирусот и жестоката борба со цените значи дека нафтениот сектор веќе никогаш нема да биде ист   Големото намалување на побарувачката за нафта поради пандемијата со корона вирусот, комбинирано со дивјачка војна околу цените, ја остави индустријата за фосилно гориво да биде скршена и да се бори за опстанок, велат аналитичарите. […]

Заев за Канал 5: Имаме капацитет и ресурси да ја пребродиме оваа криза


Македонија има капацитет и ресурси да ја надмине здравствената, но и економската криза што ја наметна коронавирусот, оцени претседателот на СДСМ Зоран Заев, на денешното гостување на емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5 „Можеме да издржиме и ќе издржиме. Не е исто да сте Словенија, Германија, но имаме наши ресурси и капацитет кои ги […]

НАТО расправаше како здравствената криза да не стане безбедносна


Министерот за надворешни работи Никола Димитров денес ја претставуваше Македонија за првпат како полноправна членка на НАТО, на состанокот на Северно-атлантскиот совет во формат на министри за надворешни работи. Состанокот, заради рестрикциите со пандемијата COVID-19, се одржа преку видео конференција.  Тој изрази благодарност до земјите членки за финализирањето на процесот на пристапување, овозможувајќи и на […]

Њујорк во црно: Нема место во мртовечниците и во крематориумите


Њујоршките крематориуми работат продолжено, во текот на ноќта, а државата Њујорк не постигнува да се погрижи за сите починати. Градот Њујорк ги погребува починатите на привремени локации ширум државата. Епидемијата од корона вирусот се уште не го достигнала врвот во Њујорк, но погребните служби во градот и државата Њујорк имаат полни раце работа. До сега […]