Заев за Канал 5: Имаме капацитет и ресурси да ја пребродиме оваа криза


Македонија има капацитет и ресурси да ја надмине здравствената, но и економската криза што ја наметна коронавирусот, оцени претседателот на СДСМ Зоран Заев, на денешното гостување на емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5

„Можеме да издржиме и ќе издржиме. Не е исто да сте Словенија, Германија, но имаме наши ресурси и капацитет кои ги управуваме и ќе издржиме“, порача Заев.

Тој нагласи дека е важно граѓаните да ги почитуваат препораките и институциите и добро е што граѓаните во поголем дел ги почитуваат овие препораки.

„Апелирам да ги почитуваме институциите и препораките, со тоа го штитиме нашето здравје и здравјето на сите околу нас. Колку повеќе бидеме солидарни и водиме грижа едни за други, ги почитуваме институциите, препораките што стигнуваат од експертите толку полесно ќе пребродиме“, додаде Заев.

Граѓаните треба да знаат дека државата е тука за нив во услови на оваа глобална пандемија, истакна Заев.

„Јас како претседател на СДСМ помагам, а техничкиот  премиер и министрите од СДСМ се на сите граѓани“, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев.