Бројот на заразените од корона во светот надмина еден милион


Глобалниот број потврдени случаи од корона вирусот ја помина точката од еден милион според податоците собрани од истражувачите од универзитетот „Џо Хопкинс“.

Бројот на потврдени смртни случаи поминал 50.000, според истите истражувачи. Италија останува земја најтешко погодена од појавата на епидемија, со 13.915 смртни случаи, а потоа следува Шпанија, со 10.003 смртни случаи. САД сега е трета најтешко погодена земја, со вкупно 5.316 смртни случаи.