Њујорк во црно: Нема место во мртовечниците и во крематориумите

Њујоршките крематориуми работат продолжено, во текот на ноќта, а државата Њујорк не постигнува да се погрижи за сите починати.
Градот Њујорк ги погребува починатите на привремени локации ширум државата.
Епидемијата од корона вирусот се уште не го достигнала врвот во Њујорк, но погребните служби во градот и државата Њујорк имаат полни раце работа.
До сега од последици на ковид 19 само во градот Њујорк починаа околу 1.400 луѓе, пренесуваат агенциите.
Повеќето њујорчани избраа кремирање место погреб, но најнаселениот американски град има само четири крематориуми, па погребните претпријатија предупредуваат дека на кремирање многу се чека.
„Фрижидерите за покојните се преполни, не може да примам повеќе од 40 тела“, вели Ендру Нимо, менаџер на едно погребално претпријатие.
Оваа ситуација ги погаѓа и њујоршките болници, кои поспоро ги ослободуваат своите мртовечници, затоа што роднините на покојникот мора подолго да  чекаат на термин за кремирање или погреб.