Заев бара да не се стигматизираат заболените


Како здрава и солидарна нација мора да помагаме и да даваме поддршка на инфицираните, а не да стигматизираме и да покажуваме со прст кон нив“, оцени претседателот на СДСМ Зоран Заев на денештото гостување во Канал 5.
Тој нагласи дека во таква ситуација може да се најде секој од нас, од нашите семејства и блиски и затоа мораме заеднички да ја пребродиме оваа здравствена криза.
„Не се согласувам со стигматизирање, со маркирање. Секој мора да се стави во нивна ситуација. Ние треба да им се најдеме на луѓето, да им помогнеме да го пребродат тоа побрзо. Стигматизирањето и покажување со прст е лошо“, порача Заев.
Денес лекарите, здравствените работници се многу повеќе платени отколку порани, реконструирани се над 40 од вкупно 120 здравствени објекти и се опремени со најсовремена опрема, сето тоа резултира денес да имаме посветени леакри и медицински персонал кои бескомпромисно се борат со коронавирусот, истакна претседателот Зоран Заев во емисијата Само интервју на Канал 5.
Според него, денес довербата во јавното здравство е многу поголема.
-Во моментиве никој нема толкава доверба, каква што има нашето здравство. Тоа е доказ дека се што направивме во овие две и пол години, дало резултат, онолку колку што можело за две и пол години.Да не заборавивме од каде тргнавме, од заробена држава во која паерите се трошеа на непотребни работи, потенцираше претседателот Заев.