Како температурата влијае на корона вирусот?


 

Иако до сеха податоците во врска со влијанието на температурата врз ширењето на корона вирусите се различни, изгледа дека најновото истражување во Грција покажа дека висруот помалку се пренесува во земјите со високи температури.

Студијата ја спроведе Белодробната клиника на Универзитетот во Тесалија, во соработка со Центарот за интердисциплинарни истражувања на Националниот технички универзитет во Атина Мецово и Одделението за бизнис администрација на Универзитетот во Патрас.

„Утврдивме јасно влијанние на температурата на брзината на ширење на болеста, затоа што земјите со ниски температури и особено со просечна температура од 0-18 степени Целзиусови имаат побрза појава на нови случаи на заболени од корона вирус дневно и поголем број вкупно потврдени случаи во споредба со земјите со просечно повисоки температури“, вели професорот Константинос Кургулианис од Белодробната клиника.

„Според нашата анализа, се чини дека влијанието на температурара не зависи од времето на избивање на епидемијата и густината на населението“, вели тој.

Додаде дека конечниот број случаи значително зависи од мерките преземени за спречување на ширењето на корона вирусот, како и од системот на евидентирање на земјата.

Многу студии, наведува професорот, сугерираат дека студеното време помага вируот да преживее, но и да се шири.

„Главните фактори кои ја поддржуваат теоријата на влијание на годишните времиња во ширењето на вирусните епидемии се зголемената синхронизација која го зглоемува пренесувањето, ранливоста на човековото тело и стабилноста на вирусните честички во окружувањето во текот на зимските месеци“, додава Јургулианис.

Претходните студии покажаа дека на повисоки температури опаѓа периодот на преживување на корона епидемии како МЕРС и САРС КоВ.