Доктор психијатар од болницата во Демир Хисар позитивен на корона вирусот


Доктор-психијатар од психијатриската болница во Демир Хисар е позитивен на новиот корона вирус.
Ова денеска го истакна министерот за здравство, Венко Филипче, кој додаде дека се направени сите епидемиолошки мерки за тој случај.
Докторoт најверојатно бил во контакт со првиот заболен во Прилеп, но бил асимптоматски.
„Потврден е доктор психијатар што работел во Психијатриската болница во Демир Хисар. Тој е асимптоматски, меѓутоа имал позитивна семејна анамнеза епидемиолошка. Направен е тестот и тој е позитивен, а со оглед на тоа дека бил во комуникација со колегите направени се епидемолошки анкети и преземени се мерки за самоизолација“, потврди министерот Венко Филипче.
Како што додаде Филипче, Центарот за ментално здравје во Прилеп, кој е под раководство на Психијатриската болница од Демир Хисар, ќе биде затворен.