Каракачанов најавил бугарска помош за Македонија околу корона вирусот


Фото: Б. Грданоски

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска  имаше телефонски разговор со министерот за одбрана на Република Бугарија, Красимир Каракачанов.

Во разговорот бугарскиот колега и честиташе на министерката Шекеринска на членството во НАТО и притоа најави директна помош од Бугарија во заштитата на нашите граѓани од ширењето на Covid-19, како и можност за користење на нивните капацитети за итни ситуации.

Двајцата министри ја искажаа взаемна поддршка во борбата против пандемијата.