Донација од „Тинекс“ од 100.000 денари за Клиниката за инфективни болести


Како знак на поддршка на здравствениот систем и здравствените работници и нивниот придонес во борбата против корона вирусот, компанијата „Тинекс“ денес донираше повеќе работи во вредност од 100.000 денари. Тие се наменети за потребите на Клиниката за Инфективни болести во Скопје.

Материјалната донација на „Тинекс“ се состои од 100 сета постелнини (креветски чаршафи и навлаки за перници)  и средства за лична  хигена како: 153 парчиња средство за дезинфекција на површини (500 мл.), 35 парчиња антибактериски гелови за дезинфекција на раце (450мл), 200 парчиња течен сапун за раце (500 мл.), 192 парчиња влажни марамчиња пакување 64/1, 288 парчиња бришачи за раце пакување и 84 парчиња тоалетна хартија пакување 24/1.

„Новонастанатата ситуација со ширење на вирусот Ковид-19 во нашата земја наметна нови предизвици за сите поединци, компании и институции во државата, но најголемиот притисок  беше ставен врз здравствениот систем и здравствените работници.
Тие се оние кои и покрај директната изложеност на вирусот и големиот ризик по своето здравје, континуирано и храбро се борат за лекување на сите граѓани со нарушено здравје и спречување на ширење на вирсот.
Нашата компанија како докажана општествено одговорна компанија, секогаш е тука да понуди безрезервна поддршка и помош онаму каде е најпотребно. Во овие тешки моменти, се надеваме дека со нашата донација ќе помогнеме во борбата против вирусот“, изјавуваат од „Тинекс“.

Од компанијата информираат дека нема да запрат со хуманитарните активности и дека и во иднина ќе продолжат да помагаат на заедницата. Во наредниот период ќе прават донација еднаш месечно, согласно потребите и во координација со кризниот штаб при Министерството за здравство.