Заедничкиот „непријател“ ги смири Русија и САД?


Москва и Вашингтон би требало да ги здружат силите во борбата против корона вирусот, изјави претставничката на министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

„Добро ја чувме пораката на Стејт департментот за значењето на заедничките напори во борбата против корона вирусот. Тука посебно се ситакнува дека нашите две земји во минатото, во текот на кризните периоди, хуманитарно помагале и дека така ќепродолжиме и во иднина“, вели Захарова.

„Ова е момент со здружени напори да го совладаме заедничкиот непријате опасен по живот. НИе сме за таков пристап. Време е заеднички да стапиме на фронтот“, заклучи Захарова.