Стапката на невработеност намалена на 16,6 отсто


Стапката на невработеност во четвртиот квартал лани изнесува 16,6 отсто и е намалена во однос на  третиот квартал, кога изнесуваше 17,1 отсто. Стапката на активност во последното тримесечие од минатата година е 57,5, а стапката на вработеност 47,9, објави денеска Државниот завод за статистика. Во четвртиот квартал годинава активното население во државава изнесува 968.604 лица, […]

Спасовски – Мекгери: Со почетокот на преговори можности за поинтензивна соработка со Ирска


Премиерот Оливер Спасовски го прими нерезидентниот амбасадор на Република Ирска за нашата земја Пол Мекгери, и му посака успешен мандат и дипломатски активности во насока на подобрување на целокупната соработка од заеднички интерес за двете земји. Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Спасовски на средбата истакна дека Северна Македонија високо ја цени постојаната поддршка од […]

Филипче: Нема нови тестирани лица за корона вирус – апел до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на здравјето


Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, на редовната прес конференција за состојбата со корона вирусот, информираше дека во текот на изминатото деноноќие нема нови тестирани лица за корона вирусот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. „Стабилна е состојбата на пациентката, која е прв и единствен случај со корона вирус во земјава и како […]

Петровска: На јужната граница засега нема поголеми раздвижувања на мигранти, но опасноста постои


На подрачјето на нашата јужна граница нема поголеми раздвижувања од мигранти, но сепак опасноста од мигранти во земјава е голема иако притисокот е долу на границата помеѓу Турција и Грција, изјави денеска заменик-министерката за внатрешни работи Славјанка Петровска, одговарајќи на новинарско прашање дали има поголемо раздвижување на мигранти на јужната граница. – Редовно сме информирани од […]

Распродадени билетите за дуелот Македонија – Косово


Влезниците за натпреварот помеѓу Македонија и Косово веќе се распродадени. Македонската А репрезентација на 26. март на Националната арена „Тодор Проески“ ќе се соочи со репрезентацијата на Косово во плејоф дуелот за пласман на ЕП 2020. – Им се заблагодаруваме на македонските навивачи за поддршката која им ја даваат на фудбалерите и се радуваме на […]

Ќе изигра ли Мицкоски на овие избори како Заев во 2014 година?


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ уште не открива дали ќе биде на кандидатските листи или ќе се задоволи со неговата омилена идеја за шпицен кандидат   Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, реши да тактизира до последен момент. За разлика од  лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за кого од почеток беше извесно дека ќе се кандидира повторно за […]

„Алкалоид“ ќе подели нето дивиденда од 324 денари за акција, највисока до сега


Сопствениците на акции на „Алкалоид“- Скопје ќе добијат по 324 денари нето, односно 360 денари бруто за акција, е предлогот на раководството на фармацевтската компанија доставен до Собранието на акционери. Ова е најголема дивиденда до сега, односно од 2008 година колку што има податоци на интернет страницата на компанијата. Според истите податоци, дивидендата од година […]

За викендот врнежи од дожд, на југот поројни со грмежи и силен ветер


За време на викендот во земјава ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни утре попладне и во текот на ноќта над 25 литри на метар квадратен. Од УХМР наведуваат дека локално, особено во јужните делови ќе има појава на нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и повремено […]

Северина на нови маки: Ја тужи судијка и бара оштета од 3 илјади евра


Хрватска- Откако и е одземено старателството над синот Александар и откако ја прекина соработката со менаџерот Ален Кључ, нови проблеми за регионалната поп-ѕвезда. Судијката Луција Ласиќ која сакаше да ја потврди пресудата од прв степен, се иззема од предметот на одлучување по жалбата на Северина зашто ја тужи за повреда на правото на приватност. Северина […]

Коронавирусот ги одложува ревиите на луксузните брендови


Италија– Повеќе луксузни модни куќи ги одложуваат модните ревии ширум светот, како резултат на појава на коронавирус, кој сега се шири во десетици земји. Италијанските брендови Џорџо Армани и Версаче соопштија вчера дека ги одложуваат модните ревии за своите колекции за крстарење. Шоуто „Армани“ беше закажано за 19-20 април во Дубаи, додека Версаче својата колекција […]

Словенија сепак нема да воведува служење воен рок


Словенечкото Собрание одлучи да се повлече предлог законот со кој се превидуваше повторно воведување на служење воен рок во земјата, јави дописникот на МИА од Љубљана. На првото читање на законот подготвен од партијата СДС (Словенечка демократска партија) на мандатарот Јанез Јанша, „против” гласаа 51 пратеник, а 36 дадоа поддршка на ваквото законско решение. Против […]

Прв случај на новиот коронавирус во Србија


Србија– Еден 43-годишен маж од Суботица е првиот пациент во Србија кај кого е докажано присуство на новиот коронавирус, јавуваат српските медиуми. Тој во моментов е во изолација, а „Блиц“ јави дека има температура од 37,4 и се чувствува добро. Весникот наведува дека човекот неодамна дошол од Унгарија. Тој пријавил симптоми слични на Ковид-19 по […]

Ана Винтур претпазлива: Најмоќната жена во модата во самоизолација


САД- Ана Винтур (70), легендарната главна уредничка на американскиот „Вог“ работи од дома во обид да се самоизолира по враќањето од Модната недела во Милано, пренесува „Њујорк пост“. Таа не покажува никакви симптоми, но презема мерки на претпазливост заради ширењето на коронавирусот во Италија, изјави портпарол за „Пост“. Винтур, воедно и уметнички директор на Конде […]

Уживам да изгледам добро: Били Портер откри зошто се облекува како жена


САД- Актерот Били Портер е веројатно на врвот на својата моќ. После две децении кариера како ѕвезда на Бродвеј – особено во „Ангели во Америка“ и „Кинки чизми- тој го најде успехот и како писател и режисер. Портер, по освојувањето на наградите Еми, Греми и Тони,  ја најде својата најмасовна фан-база до денес, по улогите […]

Грците повеќе загрижени за мигрантското прашање, отколку за коронавирусот


Грција– Загриженост за ставот на Турција во грчко-турските односи изразуваат 84 отсто од Грците, за мигрантското/бегалското прашање 83 отсто, додека, пак, за коронавирусот загриженоста е двојно помала, односно 42 процента, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Pulse“ за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина. Сепак истражувањето било спроведено […]

Пленарната мартовска сесија на ЕП наместо во Стразбур ќе се одржи во Брисел поради коронавирусот


Франција– Пленарната мартовска сесија на Европскиот парламент ќе се одржи во Брисел, наместо во Стразбур, поради коронавирусот, јави дописникот на МИА. – Добив прецизен медицински извештај за ширењето на Ковид-19, во кој се известува дека здравствените ризици се сметаат за значително поголеми доколку пленарната седница на Собранието се одржи во Стразбур. Пленарната сесија ќе се […]

Во Индија изваден заб долг речиси четири сантиметри


Зaболекар од индиската сојузна држава Мадја-Прадеш тврди дека на еден пациент му извадил заб со должина од 39 милиметри. Се чини, тоа е нов рекорд. Просечната должина на човечките заби е околу два сантиметра. Гинисовата книга на рекорди, пак, во овој миг вели дека досега најдолгиот заб бил долг 3,72 сантиметра, отстранет од германскиот заболекар […]

Facebook со нови правила: Потребна е авторизација и регистрација за реклами на политички кампањи


За да се овозможи вистински дијалог и да се придонесе кон позитивно зајакнување на демократијата во земјите низ светот, преземени се  мерки да се намали ширењето дезинформации и да се спречи странско мешање во изборите на начин со што ќе се зголеми транспарентноста и автентичноста на рекламирањето.  Во јуни направени алатки за транспарентност кои се […]

Шкријељ: Секој пензионер за една година ќе добие дополнителни 9.000 денари


Санела Шкријељ, членка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ и градоначалникот Драган Анастасов синоќа се сретнаа со пензионерите од Пробиштип. На средбата разговараа за подобрувањето на пензионерскиот стандард, но и за други актуелни прашања што ги засегаат повозрасните граѓани. “За две и пол години, односно за не цел мандат со водење на […]

Исплачи се, ќе ти биде полесно: Работи кои многумина не ги знаат за солзите


Со векови, луѓето мислеле дека солзите се создаваат во срцето, а современите студии покажаа дека со плачењето се лачи окситоцин и ендорфин, хемикалии кои нè прават да се чувствуваме подобро. Човечкото тело произведува три различни видови на солзи, вклучувајќи ги и базалните кои го навлажнуваат окото, рефлексивни, како одговор на иритација и емоционални кога ќе […]