Северина на нови маки: Ја тужи судијка и бара оштета од 3 илјади евра


Хрватска- Откако и е одземено старателството над синот Александар и откако ја прекина соработката со менаџерот Ален Кључ, нови проблеми за регионалната поп-ѕвезда. Судијката Луција Ласиќ која сакаше да ја потврди пресудата од прв степен, се иззема од предметот на одлучување по жалбата на Северина зашто ја тужи за повреда на правото на приватност.

Северина на пресудата на Општинскиот суд во Загреб кој старателството над заедничкиот син Александар го даде на таткото Милан Поповиќ, вложи жалба и на седницата на која Ласиќ сакаше да ја потврди пресудата од прв степен, другите две судијки биле против, пренесува Глориа.хр.

Оваа одлука,Северина ја коментираше на прес-конференција за време на регионалната турнеја Magic Tour”, па затоа судијката бара оштетеа од неполни 3 илјади евра (20 илјади куни).

Ласиќ требаше да одлучува за жалбата на Северина на пресудата на судијката Теа Голуб со која е одлучено детето да живее со таткото, а мајката да го гледа во одредени денови. Воедно, и е  одземено правото да одлучува за неговата здравствена заштита и образование.

Судијката Ласиќ претходно е казнета заради неуредно водење на судиската должност.