Уживам да изгледам добро: Били Портер откри зошто се облекува како жена


САД- Актерот Били Портер е веројатно на врвот на својата моќ. После две децении кариера како ѕвезда на Бродвеј – особено во „Ангели во Америка“ и „Кинки чизми- тој го најде успехот и како писател и режисер. Портер, по освојувањето на наградите Еми, Греми и Тони,  ја најде својата најмасовна фан-база до денес, по улогите во Pray Tell во серијата FX Pose – и брзо се позиционираше како ѕвезда на црвениот килим на кој му беше дозволено сѐ, без разлика дали е на Мет Гала или на Оскарите.

На Оскарите во февруари, во тоалета инспирирана од палатата „Кесингтон“

Портер, во интервју за Yahoo Lifestyle прозборе за модата, зошто ги турка границите и за што ги учи децата.

*Се претставивте како модна икона. Зошто модата е важна форма на изразување за вас?

-Модата е возбудлива за мене затоа што е форма на уметност и креативност [до одреден степен] што не мислам дека многу луѓе во светот некогаш сфаќаат. Јас сум од онаа генерација која научивме да се облекуваме за саканата работа, а не за онаа што ја имате… и тоа беше мантрата на мојот живот. Затоа, секогаш уживав во модата и уживав да изгледам добро. За мене е изненадување колку е ефикасно за мене, да се поттикне тој наратив и да се отвори тој разговор. Но, многу сум благодарен.

*Дали чувствувате притисок со вашиот избор на гардероба на црвениот килим?

-Нема притисок за мене да се придржувам до одреден протокол, бидејќи сум вистински автентичен за тоа кој сум. Ова не е игра. Отсекогаш сум бил оваа личност. Ако се вратите назад и гледате слики од мојата младост, јас отсекогаш сум бил лицето кое се изразува преку облека. Значи, тоа не е притисок, тоа е да бидам присутен и да се покаже најавтентичен начин на кој можам да бидам за што и да правам.

* Контраверзниот стил  е присутен и на Оскарите и неодамна емитуваната епизода на улицата „Сезам“. Зошто беше важно да им се пренесе таа порака што типува на пол, на младите гледачи?

-Улицата „Сезам“ секогаш имала едукативна улога за децата, особено за моралот, а за што нивните родители не се подготвени да го прават. Секогаш беше таму. Затоа, јас се појавувам во фустан им кажувам на децата од светот: „Постојат луѓе кои се различни. Тие луѓе се хумани, исто како и вие “. Тоа е пораката, тоа е тоа. Воодушевен сум што сум дел од таа порака и тоа е единствената работа за која се грижам.

*Која е вашата порака за пролетното чистење на гардероберот?

-Еднаш годишно, а тоа е во пролет, имам чистење на гардероберот затоа што тоа е повторното раѓање, тоа е кога сè повторно цвета… Ако не сум носел [нешто во мојот плакар] цела година, треба да го донирам.