Facebook со нови правила: Потребна е авторизација и регистрација за реклами на политички кампањи

За да се овозможи вистински дијалог и да се придонесе кон позитивно зајакнување на демократијата во земјите низ светот, преземени се  мерки да се намали ширењето дезинформации и да се спречи странско мешање во изборите на начин со што ќе се зголеми транспарентноста и автентичноста на рекламирањето.  Во јуни направени алатки за транспарентност кои се глобално поставени и коишто  овозможуваат огласувачите да добијат авторизација да објават политички реклами, да стои на нив квалификација „платено од“ и да ги стават своите реклами во дигиталната библиотека за реклами каде ќе се чуваат седум години. Сега овој процес е услов во 32 дополнителни земји, како Чиле, Јапонија, Мексико и Индонезија и ќе започнеме да работиме на зајакнување на нашата методологија за реклами за избори или политика. За целосниот список земји што ќе бидат на листата кога ќе почне политиката на Фејсбук во средина на март. Исто така се работи  да се зголеми имплементацијата оваа година вклучувајќи ги Мијанмар, Бразил и Нов Зеланд.

Авторизација

Секој кој сака да објави реклама за избори или политика во сите овие земји, ќе мора да го потврди својот идентитет со лична карта издадена од државата и на тој начин да преземат одговорност за рекламата. Огласувачот ќе може да одбере негова страница или страница на некоја организација каде ќе се појави квалификација „платено од“. Огласувачот треба да даде дополнителни информации, како локална бизнис адреса, локален телефонски број, електронска пошта или интернет страница ако одберат да одат со оваа опција. Овие барања ги именуваат како одговорни за содржината самите огласувачи и важат и за Фејсбук и за Инстаграм.

Авторизацијата може да одземе неколку денови за да се подготви огласувачот да започне со овој процес и поради тоа треба да се започне сега со процедурата за да се избегне доцнење на рекламите.

Библиотека со реклами и API

Авторизираните огласувачи ќе ги имаат сите нивни реклами и информациите што се употребени за да се утврди нивната одговорност, во посебна библиотека за реклами каде ќе се чуваат седум години. Тука, тие ќе може да дознаат повеќе за рекламата, како на пример колку луѓе се опфатени од неа и колку е потрошено, потоа демографски податоци за возраста, полот и локацијата за луѓето што ја виделе рекламата.