За жените прифатлива плата од 12.000 до 20.000 илјади, 0,3 отсто би работеле за над 40.000 денари


Плата од 12.000 до 20.000 е прифатлива за повеќе од половина жени во земјава. Податоците на Државниот завод за статистика објавени по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, покажуваат дека за најголемиот дел од жените 34,7 проценти прифатлива плата е од 16.000 до 20.000 денари, за 32,3 осто од 12.001 до 16.000 денари, […]

Женско рели по повод Меѓународниот ден на жената


По повод Меѓународниот ден на жената, Осми март, автомобилистичката федерација на Македонија (АФМ) и клубовите членки на АФМ денеска ќе го организираат популарното „Женско рели 2020“. Како што наведуваат организаторите, свеченото отворање ќе почне во 10 часот, а првиот екипаж ќе почне во 10:30 од Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Учеството за сите екипажи е бесплатно, […]

Облачно, со врнежи од дожд


Времето во земјава ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни попладне и во текот на ноќта (над 25 л/м2). Локално, особено во јужните делови ќе има појава на нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и повремено силен ветер (над 80 км/час). Утринската температура ќе се движи од 2 […]

Раст на БДП од 3,4 отсто во последниот квартал лани


Раст од 3,4 отсто на Бруто-домашниот производ (БДП) покажуваат податоците на Државниот завод за статистика за четвртото тримесечје од 2019 година, Во последните три месеци од минатат година најголем пораст е забележан во секторите Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, Транспорт и складирање, Објекти за сместување и сервисни […]

Бројот на жртви од Ковид-19 незначителен во однос на последиците од срцеви заболувања, рак, сообраќајки


Загриженоста на јавноста расте поради ширењето на новиот коронавирус и бројот на смртни случаи кои достигнаа 3.400, но фаталните последици од вирусот Ковид-19 се незначителни во споредба со последиците од срцеви заболувања, рак, сообраќајни несреќи, самоубиство… Најголемите „убијци“ во моментот се кардиоваскуларни заболувања – од хипертензија до мозочен удар. Тие се одговорни за 17,8 милиони […]

(Видео) Новозаразените дошле со автобус, ќе се интервјуираат сите 40-тина патници


Двајцата новозаразени со коронавирус се вратиле од Италија со автобус во кој имало уште 40-тина патници од Скопје, Куманово и Дебар. Министерот за здравство, Венко Филипче, кажа дека сите се идентификувани и откако ќе бидат лоцирани ќе бидат направени интервјуа со нив. Сепак, Филипче вели дека е мал ризикот за второлиниско пренесување на вирусот. Двајцата […]

Пристигнаа машините за рециклирање пластични шишиња, за секое враќаат по 1,5 денари


Денеска пристигнаа првите 9 од планираните 27 повратни вендинг машини за пластични и стаклени шишиња набавени од ЈП Паркинзи на Општина Центар кои локациски ќе бидат поставени низ целата територија на општина Центар. Центарци наскоро ќе го започнат светскиот тренд во рециклирањето и ќе се вклучат во процесот на селективно одложување отпад со цел да […]

До 13 март нема претстави во Драмски театар


По препорака на Владата на Република Северна Македонија поради коронавирусот, НУ Драмски театар Скопје ќе продолжи со прекинот на репертоарот до 13 март годинава. Купените билети, како што информираат од Драмски театар Скопје, ќе може да се заменат за друга претстава  или средствата ќе бидат вратени.

Уште два случаи на корона вирус во Македонија


Министерството за здравство информира дека денеска во попладневните часови, на коронавирус се тестирани двајца нови пациенти и нивните резултати се позитивни на вирусот. -Според информацијата која ја имаме во моментов, станува збор за сопружници од Дебар, кои пред неколку дена се вратиле од Италија, се наведува во соопштението од Министерството за здравство. Од Министерството додаваат […]

Повреден возач кој со автомобил излетал од патот Тетово-Скопје


Дваесет и седумгодишник од тетовска Брвеница е повреден попладневво откако со неговото возило излетал од коловозната лента на автопатот Скопје-Тетово. -Околу 17 часот на автопатот Скопје – Тетово, кај Добарски натпатник излетало од коловозната лента возило марка „Пежо 207“ со тетовски регистерски ознаки. До незгодата дошло кога возачот В.Б (27) од Брвеница изгубил контрола и […]

Европарламентот ќе дебатира за „унгарското мешање“ во медиумите во Македонија и Словенија


Унгарските финансиски операции во словенечките и македонските медиуми се најдоа на агендата на европските пратеници, идната среда на пленарна седница, Европскиот парламент ќе дебатира за „унгарското мешање“ во медиумите во Словенија и Северна Македонија, јави дописничката на МИА. Информацијата ја потврди словенечката европратеничка, Ирена Јовева, на својот Твитер денеска. Во писмен одговор на прашањата на […]

Битката против лажните вести е битка за демократијата


Ширењето лажни вести е профитабилен бизнис, како да се спречи. Се поголем е бројот на земји нападнати од лажни вести, откривањето дезинформации во реално време е тешко и скапо   Технолошкиот развој и дигитализацијата овозможија достапност на дигитални платформи кои се лесни за работа, но, истата таа технологија овозможува и брзо ширење на дезинформациите и […]

СДСМ и Беса: Кандидатските листи ќе бидат слика на целото општество


Покрај изборот на кандидати кои би се нашле на изборните листи на претстојните предвремени парламентарни избори закажани за 12 април, во СДСМ паралелно се одвиваат и разговорите со БЕСА во делот на утврдување на заедничките кандидатски листи. Разговорите на сите нивоа ќе се одвиваат се до Конгресот на СДСМ, до 9 март. Има интензивна работна […]

Препораката за неодржување поголеми јавни собири продолжена до 13 март


До 13 март Владата ги продолжи препораките за ограничување на јавните настани со гости од странство, за неодржување на поголеми јавни собири и настани, како и спортските натпревари да се одржуваат без публика. Ова е одлука од денешната 14-та седница на Владата, на која министерот за здравство Венко Филипче информираше за актуелната состојба со корона […]

Сугарески: Забрзани се градежните активности за рехабилитација на патот Градско-Прилеп


Интензивно почнаа работите на рехабилитацијата на делницата од Фариш до Дреново во должина од околу 9,5 километри на патот Прилеп-Градско кој ќе добие нови слоеви асфалт со што ќе се обнови патот и посигурно ќе се патува, зашто беше во лоша сосотојба. При денешниот увид на работите министерот за транспорт и врски Горан Сугарески нагласи […]

Ветингот како вонредна мерка ќе создаде вонредни проблеми


Ветингот како вонредна мерка ќе создаде вонредни проблеми, особено што кај нас беше најавен во предизборен контекст, нејасно дефиниран и затоа не може да се зборува за резултати од тој процес. Искуствата од регионот укажуваат на потребата од особена внимателност и сеопфатна дебата за процесот на ветинг, додека според експертите подобро решение за нашите околности […]

(Фото) Уапсиле бабичка на нејзиниот 100-ти роденден


Една бабичка во САД ќе го прослави својот роденден во затворска ќелија. Полицајците дошле во старечки дом во Северна Каролина и ја уапсиле Рут Брајант на нејзиниот стотти роденден. Место да јаде торта со своите другарки пензионерки, бабичката е одведена во затвор со лисици на рацете, пренесе Њујорк Пост. Но, се покажало дека ова всушност […]

Се враќа железничката линија Скопје-Приштина


Од понеделник се враќа во сообраќај патничкиот воз Скопје-Приштина и обратно. Возот поради одредени технички проблеми не сообраќаше редовно, а со нивно надминување, повторно е во функција, соопшти денеска Железници Транспорт на РСМ. Оттаму соопштуваат дека возниот ред останува ист. Поаѓањето од Скопје ќе биде во 16.10 часот, додека возот се очекува да пристигне во Приштина […]

До 30.000 евра за иновативни идеи за справување со климатските промени


Микро, мали и средни компании и сите млади кои се заинтересирани со своите иновативни идеи да придонесат во намалување на стакленичките гасови и заштитата на животната средина може да конкурираат на најновиот повик „02 Предизвик 2“- Справување со климатски промени“ што го спроведува Фондот за иновации и технолошки развој. Вкупниот буџет изнесува пет милиони денари […]

Макрадули: Нема потреба од рестрикции на вода, иако езерата се празни


Во овој момент нема потреба од рестрикции на вода, иако повеќето акумулации се соочуваат со недостиг на вода. Ова е сериозен предизвик што ќе постои во иднина, изјави денеска заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули. Она што треба да се направи во следниот период, според него, е да има само една институција што ќе се грижи […]