Раст на БДП од 3,4 отсто во последниот квартал лани


Фото: Б. Грданоски

Раст од 3,4 отсто на Бруто-домашниот производ (БДП) покажуваат податоците на Државниот завод за статистика за четвртото тримесечје од 2019 година,

Во последните три месеци од минатат година најголем пораст е забележан во секторите Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, Транспорт и складирање, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 8,1 отсто, Градежништво од 6,7 отсто и Информации и комуникации од 5,7 отсто.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2019 година номинално расте за 3,5 отсто, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 62,9 отсто.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се намали за 0,8 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 5,1 отсто.