Николовски: Директорката на Дерматологија не беше на мојата свадба


Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски денеска ги демантираше написите во некои медиуми за наводни карантини на функционери на СДСМ, поврзани со корона вирусот. -Целосно ги демантирам лагите објавени на одредени медиуми познати како извори на лажни вести за наводни карантини на функционери на СДСМ поврзано со вирусот корона. Лажни се вестите дека директорката со […]

Се расчистува теренот за новиот парк во Карпош 4


Во скопската населба Карпош 4, покрај булеварот „Илинден“, во тек се интензивни активности за расчистување и рамнење на теренот за изградба на нов парк. Како што информираат од Општината Карпош, веќе неколку денови, механизацијата работи на терен и го расчистува градежниот шут и кабаст отпад што со децении се одложувал на оваа јавна површина. Во […]

Состанок на министрите за надворешни работи со кој ќе се означи почетокот на заедничкото претседавање со Бeрлински процес на Северна Македонија и Бугарија


Во Скопје утре ќе се одржи Состанок на министри за надворешни работи, со кој ќе се означи почетокот на заедничкото претседателство со Берлинскиот процес на Северна Македонија и Бугарија за 2020 година. Освен шефовите на дипломатии на земјите кои учествуваат во Берлинскиот процес од Европската Унија и Западниот Балкан, на состанокот ќе земат учество претставници на институциите на ЕУ и Советот за регионална соработка.  […]

Почина актерот Макс фон Сидоф


Франција– Актерот Макс фон Сидоф почина на 90-годишна возраст, изјави денеска неговата сопруга. Сидоф е роден на 10 април 1929 година во шведскиот град Лунд. Тој актерската кариера ја почна во 1951 година, а неколку години се пресели во Малме, каде се запосна со режисерот Ингмар Бергман. Меѓу најпознатите филмови на Сидоф се „Седмиот печат“ […]

Корона вирусот „влезе“ во седиштето на НАТО во Брисел


Службеник на НАТО, кој работи во седиштето на алијансата во Брисел е позитивен на корона вирус, откако се вратил од италија. Од НАТО ја потврдија информацијата, дека еден нивни вработен е позитивен на корона вирус. Во соопштението се вели дека тој се вратил од одмор во северна Италија, и дека се чувствувал многу лошо минатата […]

Бегалци и мигранти


Разликата помеѓу мигрантите и бегалците се гледа и во фактот што мигрантите слободно и самостојно избират да се селат не заради директна закана од прогон или смрт, туку за подобрување на нивниот живот, додека бегалците на тоа се принудени поради опасност по својот живот ЗВОНКО ДАВИДОВИЌ Виктор Орбан рече дека мигрантите што ја преминуваат грчката […]

Средства за дезинфекција со поминат рок им прати Хрватска на граничарите


Во обид да ги заштити од вируси оние кои се напрвата линија на удар и во контакт со голем број луѓе, надлежните во хрватска им поделија на граничарите заштитна опрема, но како што некои споделија на Твитер, средствата за дезинфекција се со поминат рок и тоа пет години. Како што пренесе „Слободна Далмација“, првиот производ […]

По обилните дождови постои опасност да се излее Сена


Градот Париз најави дека презема мерки на претпазливост, откако во текот на денот се очекува водостојот на Сена да достигне 4,30 метри, јави дописникот на МИА. -Нивото во моментов е 3,90 метри, а според предвидувањата, треба да достигне 4,30 метри, изјави помошникот на градоначалникот за безбедност на Париз, Коломб Бросел. Одлучено е да се пренесат […]

Аеродромот „Скопје“ по петти пат со Награда за квалитет на услуги на АЦИ


Меѓународниот совет на аеродроми (АЦИ) објави дека Меѓународниот аеродром „Скопје“ е добитник на Наградата за квалитет на аеродромските услуги (Еј-Ес-Кју) за 2019 година, рангирајќи го како еден од најдобрите аеродроми во Европа според искуството на патниците, во категоријата „аеродроми со број на патници од две до пет милиони годишно“. Ова е петти пат како Меѓународниот […]

Палењето на олимпискиот оган во древна Олимпија ќе се изведе неделава без публика


Грција – Церемонијата на палење на олимпискиот оган во Грција за Летните олимписки игри во Токио ќе се оддржи неделава во древна Олимпија без публика, согласно одлуката на организаторите заради ширењето на новиот коронавирус, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на Грчкиот олимписки комитет. Олимпискиот оган ќе биде запален во древна Олимпија на 12 март со поскромна […]

Досега починале 3.882 лица од корона вирусот


Според последните податоци, во светот досега се регистрирани 111.381 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 3.882 лица, а 62.661 оздравеле. – Едно лице кое работело на одржување на комплексот Дизниленд во Париз е позитивен на новиот коронавирус, соопшти портпаролот на паркот. Тој рече дека вработениот не бил во контакт со посетители и оти […]

Твоја партија ќе поддржи малцинска влада во Собранието


Нова партија, но големи амбиции – такви се најавите на Твоја за изборите на 12 април. Претседавачот на Координативниот одбор, адвокатот Александар Тортевски, денеска на прес-конференција најави дека надвор од остварувањето на програмските цели нивна задача со евентуалните пратеници што ќе ги освојат е да поддржат малцинска влада за да може преку тоа да влијаат […]

Ќе биде отстранета галијата кај стара пошта


Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов изјави дека се создадени услови за да биде отстранета галијата што се наоѓа во близина на стара пошта, без опасност Градот да сноси какви било финансиски импликации. – Создадени се услови и во рок од 30 дена, сметано од денеска, корисникот треба да го отстрани она што се нарекува […]

Во февруари зголемени трошоците за овошје, зеленчук и ИКТ опрема


Трошоците на живот во февруари во однос на јануари годинава се зголемени за 0,1 отсто, а цените на мало се намалени за 0,3 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика. Споредено со февруари лани трошоците на живот се повисоки за 0,7 проценти, а цените на мало за 0,5 проценти. Пораст на индексите на трошоците на […]

Proud се издигна во симбол на европските аспирации: Тамара меѓу шесте силни жени од регионот кои прават промени


Тие пеат, освојуваат планини, брилираат во науката, се борат за човекови права… Ги поместуваат границите во секое поле и поттикнуваат други да го следат нивниот пример. Ги инспирираат новите генерации да работат за подобра Европа. Тамара е меѓу шесте силни жени од регионот вклучени во новата кампања на Европската служба за надворешна акција, насловена како […]

Бурниот живот не ѝ оставил траги: Орнела Мути денес полни 65 години


Италија- Познатата италијанска глумица Орнела Мути денеска го слави својот 65-ти роденден. Потекнува од сиромашно семејство. Татко ѝ починал додека таа била дете. Уште на 13-годишна возраст, девојчето почнало тајни снимања како модел, со што би ѝ помогнала на мајка сѝ да го издржува семејството. По откривањето, Мути едвај не била исфрлена од училиштето. Во […]

Коморски инвестициски форум: Додека доматите чекаат на границите, се претвораат во кечап


Популизмот е болест на регионот. Наместо да ги решаваат суштинските прашања, политичарите се борат единствено за тоа како да останат на власт. Немаат визија, особено не за економската иднина, реагира денеска Коморскиот инвестициски форум (КИФ), според кој, компаниите од балканските земји се уште губат многу време и пари чекајќи на границите поради меѓусебно непризнавање на […]

СДСМ вечер ќе ги објави носителите на изборните листи


Социјалдемократскиот сојуз вечерва во скопскиот хотел „Александар Палас“ ќе одржи  Конгрес на кој се очекува да бидат објавени сите носители на листи и кандидати за претстојните парламентарни избори. Согласно агендата, конгресот ќе има отворен и работен дел, а на почетокот на отворениот дел ќе се обраит лидерот на партијата Зоран Заев. Од СДСМ информираат дека […]

Доаѓа модата „Измијте ги рацете“: Зетот на Кардашијанс промовира маици и дуксери


САД- Скот Дисик има нова порака за своите 23,4 милиони: Измијте ги рацете. Модната етикета на ѕвездата на „Keeping Up with Kardashians“ и екссопругот на Кортни Кардашијанс со која има три деца, подразбира дуксери и маици со испишано лого „Измијте ги рацете“. Колекцијата со ограничено издание доаѓа во четири различни неутрални бои – бела, црна, […]

Затвор од две до 2,5 години за професори од Економски факултет за „Еразмус“


Професорите на Економскиот факултет во Скопје,Славе Ристевски и Драге Јанев се осудени на 2,5, а нивниот колега Бобек Шуклев на две години затвор за случајот „Еразмус”, односно за земање пари од студенти за полагање на испити. Демонстраторот Драган Денковски доби условна казна од две години, а професорот Стојан Дебарлиев е ослободен од обвинението. Судечкиот совет […]