Почина актерот Макс фон Сидоф


Франција– Актерот Макс фон Сидоф почина на 90-годишна возраст, изјави денеска неговата сопруга.

Сидоф е роден на 10 април 1929 година во шведскиот град Лунд. Тој актерската кариера ја почна во 1951 година, а неколку години се пресели во Малме, каде се запосна со режисерот Ингмар Бергман.

Меѓу најпознатите филмови на Сидоф се „Седмиот печат“ (1957) и „Изворот на Богородица“ (1960) во режија на Бергман.

Меѓу последните негови филмови е „Војна на ѕвездите: Моќта се буди“ (2015), а имаше и улога во серијата„Игра на тронови“.