Директорката на Клиниката за кожни болести заразена од корона вирус


Директорката на Клниката за кожни болести е четвртиот потврден случај заболен од коронавирусот во земјава. Таа пред една недела допатувала од Италија и изминатите пет дена редовно одела на работа, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Добро е што колешката не била изминатите денови во амбуланта, рече Филипче и изрази огромно разочарување […]

Аселборн: Ако Франција заземе позитивен став, ќе ја следат и другите


Како земја направивте големи напори на патот на интегрирање во ЕУ, беше донесен Договорот од Преспа, го донесовте Законот за јавно обвинителство, клучен фактор, поради кој одредени земји не дадоа зелено светло, порача министерот за надворешни и европски работи на Луксембург, Жан Аселборн на заедничката прес-конференција во Скопје со шефот на дипломатијата Никола Димитров. Нагласи […]

Бензините поевтинуваат за два денари, дизелот за 1,5 денар за литар


Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се намалуваат за два денара, а на дизелот и екстра лесното за 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 62 денари за литар, на Еуросупер БС-98 ќе биде 64 денари, дизелот ќе се продава по 54,50 денари, додека литар Екстра […]

Наместо во изолација, Грци со коронавирус излегуваат и се шетаат


Атина – Би требало да се во домашна изолација, а за жал излегуваат, вели Панајотис Андонакопулос, градоначалникот на Пиргос, градот што е дел од регионот за кој во сила се вонредните превентивни мерки на грчката влада, за да се спречи ширење на новиот коронавирус. Говорејќи за грчката телевизија „Скај“, градоначалникот обвинува дека лица кои што […]

Корона вирусот ќе ни го загрози датумот од ЕУ?


Корона вирусот почнува да ја парализира работата на Европскиот совет и, ако продолжи ширењето на епидемијата, може да ја загрози одлуката на ЕУ да започнат преговорите за членство со Македонија. Секретаријатот на Советот денес, во консултација со земјите членки, препорача  да се намали бројот на состаноци на разните подготвителни тела и работни групи во Советот, […]

Принцот Чарлс ќе ги помага финансиски Хари и Меган


Англија- Се очекуваат големи промени за војводата и војвотката од Сасекс. Среде веста дека Меган Маркл и принцот Хари повеќе нема да ги користат нивните кралски титули, откриено е дека принцот Чарлс сепак финансиски ќе ја поддржува двојката. Додека деталите за поддршката на принцот Чарлс остануваат непознати, уредникот на BAZAAR.com, Омид Скоби, објави на Твитер: […]

ЕБУ со сценарија како да се заштити Евросонг 2020 од коронавирусот


Холандија- Организацискиот радиодифузер на Евровизија, НПО, има неколку сценарија подготвени во случај Коронавирус да се закани на натпреварот за песна на Евровизија од 12-16 мај во Ротердам. Холандскиот радиодифузер е во контакт со ЕБУ за да разговара за најновите случувања на „Ковид-19“. Сепак, не се зборува за откажување на Евросонг. „Подготвени сме“ Портпарол на НПО […]

Продолжува судењето за „крвавиот четврток” во Собранието


Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за организаторите на насилствата во Собранието од 27 април 2017 година. На предлог на обвинителката Вилма Рускоска, на денешното рочиште треба да сведочат премиерот Оливер Спасовски и Михаил Младеновски, еден од обвинетите за насилствата во законодавниот дом. Рускоска најави дека како сведок ќе биде […]

Цената на нафтата во слободен пад


Азиските берзи потонаа утрово, откако цените на нафтата се во слободен пад како резултат на стравувањата дека глобалната економија, ослабена од вирусна епидемија, може да биде презаситена со залихи од гориво. Токискиот референтен индекс се намали за 6,2 проценти, додека во Сиднеј падна за 6,1 проценти. Сеул потона 4,4 проценти, а Хонг Конг изгуби 3,9 […]

(Видео) Модерна со етноелементи : Слушнете ја евровизиската „You“


Евровизиската „You“ во изведба на Васил Гарванлиев е модерна поп-песна, со етно призвук, прилагодена на сензибилитетот и вокалните способности на нашиот баритон кој на 12 години се сели со семејството во Чикаго, САД, а пред две години се враќа во Македонија, посветувајќи се на креирање автентична музика инспирирана од македонските корени. -Од 250 песни пристигнати […]

Хан: Отворањето на границите кон ЕУ е маневар на Ердоган


Австрија– Еврокомесарот за буџет Јоханес Хан смета дека отворањето на границите кон Европската унија е маневар на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за свртување на внимението од внатрешно-политичките проблеми. -Тоа треба да се гледа од аголот на внатрешно-политичката ситуција во Турција, подвлече Хан во интервју за виенскиот дневен весник „Стандард“. Тој објасни дека претседателот Ердоган […]

Германски турист прва жртва на новиот коронавирус во Египет


Египет- Еден германски турист почина од Ковид-19 во Египет, со што стана првата жртва на вирусот во земјата. Египетското Министерство за здравство соопшти дека се работи за 60-годишен Германец кој пред една недела влегол во земјата и бил хоспитализиран во болницата во одморалиште на Црвеното Море во Хургада. – Лицето кое почина од Ковид-19 е германски […]

Сериозна состојбата со коронавирусот, да не се патува во Италија


Да не се патува воопшто во Северна Италија заради сериозноста со коронавирусот и да се избегнуваат патувања и во останатите делови на таа држава, а при влез на граничните премини да се кажуваат точни податоци. Лицата кои се вратиле од странство ако се развијат симптоми да не одат на матичен лекар туку да се обратат […]

Превентивно затворени 34 училишта во Грција поради новиот коронавирус


Грција– За да се спречи дополнително ширење на новиот коронавирус во Грција, од денеска до 22 март превентивно се затворени 34 училишта од кои речиси сите се во областа Атика, поширокиот регион на грчкиот главен град, јави дописничката на МИА од Атина. Паралелно денеска напладне се очекува министерствата за финансии, развој и труд, заедно, да […]

Шефот на дипломатијата на Луксембург во посета на Скопје


Министерот за надворешни и европски работи на Големото Војводство Луксембург, Жан Аселборн, денеска ќе престојува во посета на земјава на покана на шефот на дипломатијата Никола Димитров. Како што соопшти МНР, посетата се реализира во пресрет на дискусиите на мартовскиот Совет за општи работи на ЕУ, при што фокус на разговорите ќе биде ставен на […]

Облачно со дожд и температура до 12 степени


Времето ќе биде облачно и свежо со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во источните делови. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе се движи од минус 3 степени до 6 степени, а дневната од 4 до 12 степени. Во Скопје […]

И Мицкоски удира во истиот ѕид


Вмровскиот лидер го оцени извештајот на Европската комисија како лажна вест. Со тоа тој некако радосно го прифати наследството на Груевски поврзано со неговите антизападни тиради   ЉУПЧО ПОПОВСКИ   Има една песна од легендарниот албум на Дејвид Боуви „Low“ насловена како „Always Crashing in the Same Car“ (Секогаш се судирам во истиот автомобил), во […]

Како корона вирусот ќе ја обликува иднината


Доколку растечката појава на корона вирусот стане трајна пандемија, тоа би можело да ги забрза фундаменталните промени во економијата, политиката и работното место. Големата слика: Вистински глобална инфекција на заразни болести како КОВИД-19 може да биде исто толку трансформативна за иднината, како глобална војна или економска депресија. Влијанијата на поголемите пандемии можат да се почувствуваат […]

До 3 април „Визер“ нема да лета до Милано, Тревизо и Бергамо


Нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ објави дека ги суспендира до 3 април годинава рутите од Скопје и од Охрид кон Милано (MXP), Тревизо (TSF) и Бергамо (BGY), поради затворањето на северниот дел на Италија, а со цел да се спречи ширењето на корона вирусот. „Патниците кои направиле резервација во овој период ќе бидат автоматски известени и ќе […]

Македонија на Евросонг со модерна песна: „You“ е покана за танц


Евровизиската „You“ (За тебе) во изведба на Васил Гарванлиев е модерна поп-песна, со етно призвук, прилагодена на сензибилитетот и вокалните способности на нашиот баритон кој на 12 години се сели со семејството во Чикаго, САД, а пред две години се враќа во Македонија, посветувајќи се на креирање автентична музика инспирирана од македонските корени. -Од 250 […]