Директорката на Клиниката за кожни болести заразена од корона вирус


Директорката на Клниката за кожни болести е четвртиот потврден случај заболен од коронавирусот во земјава. Таа пред една недела допатувала од Италија и изминатите пет дена редовно одела на работа, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Добро е што колешката не била изминатите денови во амбуланта, рече Филипче и изрази огромно разочарување од непочитувањето на препораките од страна на здравствен работник.

– Таа е стабилна и има лесна клиничка слика, додаде Филипче на прес-конференција во Владата.

Директорката  имала контакт со над 100 лекари  кои биле дел од симпозиум на кои таа држела предавање. Настанот бил во саботата. Неофицијално дека нешто не е во ред пријавиле нејзините колеги.

Клиниката за дерматологија во Скопје е целосно затворена, целиот медицински персонал е веќе во изолација, се вршат тестирања, пациентите кои можат да го продолжат домашното лекување се дома, а оние кои не можат, се префрлаат во други здравствени установи.