Принцот Чарлс ќе ги помага финансиски Хари и Меган


Англија- Се очекуваат големи промени за војводата и војвотката од Сасекс.

Среде веста дека Меган Маркл и принцот Хари повеќе нема да ги користат нивните кралски титули, откриено е дека принцот Чарлс сепак финансиски ќе ја поддржува двојката. Додека деталите за поддршката на принцот Чарлс остануваат непознати, уредникот на BAZAAR.com, Омид Скоби, објави на Твитер: „Принцот Чарлс сепак ќе продолжи да нуди приватна финансиска поддршка“ на Меган, Хари и Арчи.

Постојат неколку начини на кои Чарлс може да ја понуди финансиска поддршка, особено затоа што Меган и Хари сега ќе ги покријат трошоците  на нивната резиденција во Frogmore Cottage „приватно“, според Скоби.

– Кралицата Елизабета јасно стави до знаење дека Frogmore Cottage ќе остане нивниот дом во Велика Британија ..Сите дискусии беа пријателски и конструктивни и сите беа задоволни од исходот.

Клучно, со оглед на тоа што се повлекуваат од своите улоги како членови на кралското семејство, Меган и Хари „веќе нема да добијат јавни средства за кралските должности“. Како такви, тие ќе направат чекор да бидат финансиски независни, како што беше претходно најавено.

Во моментов, приходите на војводата и војвотката од Сасекс, поврзани со нивните кралски должности, најмногу ги покрива таткото на Хари, Чарлс, принцот од Велс. Поголемиот дел од приходите на принцот Чарлс потекнува од Војводството Корнвол и тој ги користи средствата за поддршка на членовите на семејството. Има смисла дека тој ќе продолжи да ја нуди оваа поддршка на новото семејство на неговиот син, бидејќи тие напредуваат во нивниот нов живот.

Исто така, вреди да се напомене дека и Хари и Меган имаат свои значителни нето-вредности, како и силен потенцијал за заработка сега кога веќе немаат кралски задолженија.