Палењето на олимпискиот оган во древна Олимпија ќе се изведе неделава без публика


Грција – Церемонијата на палење на олимпискиот оган во Грција за Летните олимписки игри во Токио ќе се оддржи неделава во древна Олимпија без публика, согласно одлуката на организаторите заради ширењето на новиот коронавирус, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на Грчкиот олимписки комитет.

Олимпискиот оган ќе биде запален во древна Олимпија на 12 март со поскромна церемонија, по што ќе следи седумдневно штафетно предавање на огнот и церемонија на конечно предавање на огнот на 19 март, пренесoа агенциите.