Корона вирусот може да ја чини глобалната економија 2,7 илјади милијарди долари. Еве зошто


Ширењето на КОВИД 19 на глобално ниво може да предизвика застој на светската економија, пишува „Блумберг“   Епидемијата што почна во кинеската провинција Хубеи рапидно се шири. Покрај Кина, епидемијата зема замав во Јужна Кореја, Италија и Иран, а првите смртни случаи се пријавени и во САД. Економска последица може да биде рецесија во САД, […]

Блокада на цела Италија поради корона вирусот


Италија е ставена во тотална блокада во обид да го задржи ширењето на корона вирусот. На прес-конференцијата во понеделникот вечерта, премиерот Џузепе Конте најави невидени мерки со кои се ограничува движењето за 60 милиони Италијанци. Одлуката за продолжување на мерките за вонредни состојби, донесени во неделата за Ломбардија и 14 други провинции во епицентарот на […]

Уште три нови случаи на коронавирус во Македонија – вкупно седум


Министерството за здравство информира дека од осумте тестирани пациенти на коронавирус попладнево, тројцата членови на семејството на сопружниците од дебарско се позитивни, а останатите петмина се негативни на коронавирусот. Позитивните пациенти, од петокот, 6 март, беа во домашна изолација со решение за ДСЗИ, а од вечерва ќе бидат хоспитализирани и лекувани на Клиниката за инфективни […]

Заев најави ред, дисциплина и правда по изборите


Пред три и пол години тоа беше „едно општество за сите“, сега за овие избори тоа ќе биде „правда за сите“. СДСМ вечерва во скопскиот хотел „Александар палас“ на конгрес ја објави својата изборна програма под мотото „Можеме. Уште повеќе и уште подобро“. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, најавувајќи нова светла иднина на државата, која […]

СЗО: Заканата од пандемија на коронавирус сега е многу реална


Претседателот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус денеска потенцираше дека заканата за пандемија од новиот коронавирус е „многу реална“. – Заканата е реална. Но тоа би била прва пандемија во историјата која би можеле да ја контролираме, вели претседателот на СЗО. – Она што е навистина значајно е дека не сме оставени на […]

Димитров: Ги имаме сите состојки за успех на самитот во Загреб


Во услови на непредвидливост во светот, со новата методологија и со дополнителниот Извештај за напредок имаме важни состојки за успех. На самитот во Загреб на почетокот на мај, влогот на Европа е огромен. Ќе ни треба политичко менџирање на одлуките: помалку догматски пристап од страна на поддржувачите, повизионерски пристап од страна на скептичните земји членки, […]

Михаел Рот во четврток во Холандија ќе разговара за проширувањето


Во четврток, на 12 март, германскиот државен секретар за европски работи Михаел Рот ќе учествува на дебатата во Комитетот за европски работи на холандскиот Парламент. Комитетот најави дека на оваа дебата ќе се зборува, помеѓу другите актуелни европски теми, за проширувањето кон Западниот Балкан, јави дописничката на МИА. Комитетот за европски прашања на Холандија на […]

Први два смртни случаи од корона вирус во Германија


Во Германија денеска се потврдени првите два смртни случаја од корона вирусот, објавија германските медиуми. Министерството за здравство во Северна Рајна-Вестфалија соопшти дека станува збор за едно лице во Хајнсберг и едно во градот Есен. Претходно, 60-годишен пожарникар од Хамбург почина вчера за време на одмор во Египет. Според Институтот „Роберт Кох”, во моментот во […]

Дезинфициран објектот каде се одржал симпозиумот на дерматолози, по него немало други настани


Од ресторанот „Рагуза 360“ денеска преку соопштение информираат дека по одржувањето на симпозиумот на дерматовенеролози не организирале друг настан. Објектот, посочуваат оттаму, е дезинфициран од Институтот за јавно здравје. Тие негираат дека вработените од ресторанот имале контакт со докторката, која е директорка на Клиниката за кожни болести и е заболена од коронавирусот, а која учествувала […]

Во Иран 27 лица починаа од алкохол, верувајќи дека лекува коронавирус


Во Иран 27 лица починаа од труење со алкохол, по гласините дека алкохолните пијалаци лекуваат од новиот коронавирус, јави иранската новинска агенција ИРНА. Иран, по Кина и Италија, е една од најтешко погодените земји од Ковид-19. ИРНА соопшти дека 20 лица починале од труење со алкохол во покраината Хузестан, а седуммина во Алборз, покраина која […]

Во изолација 64 лекари од Кожната клиника и 24 пациенти, уште осум лица се проверуваат за корона


Министерот за здравство, Венко Филипче, попладнево на прес конференција информираше дека во изолација се наоѓаат 64 вработени во Кожната клиника во Скопје, како и 24 пациенти кои изминатите денови имале контакт со лекарката, директорка на Клиниката, кај која беше утврдено присуство на корона вирусот. Таа е сместена на Инфективната клиника, а на двајца членови на […]

Прв случај на коронавирус во Европската комисија


Прв случај на коронавирус е потврден меѓу вработените во Европската комисија, изјави денеска портпаролка на Комисијата, додавајќи дека жената која се вратила од Италија се наоѓа во карантин од минатата недела. Во Европската комисија се вработени околу 32.000 луѓе. Минатата недела Европската агенција за одбрана, уште едно тело на ЕУ, пријави случај на коронавирус меѓу […]

Потврдени нови 11 случаи на коронавирус во Грција, вкупно 84


Во Грција се потврдени нови 11 случаи на новиот коронавирус, со што бројот на заразени со Ковид-19 во земјата достигна 84 лица, од кои тројца се странски државјани, јави дописничката на МИА од Атина. Од потврдените случаи, 27 се хоспитализирани, од кои еден во сериозна состојба, а останатите 57 се во домашна изолација, како што […]

Неколку лекарки од Штип во домашна изолација


Неколку лекари специјалисти од штипското кожно одделение се во домашна изолација, откако биле во контакт со директорката на Клиниката за кожни болести, за која тестовите покажаа дека е позитивна на корона вирус. Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова за МИА вели дека лекарките од штипското кожно одделение се во домашна изолација. Епидемиолозите во […]

Фото галерија од Клиниката за дерматологија


Фото: Борис Грданоски И покрај најавите на министерот Венко Филипче дека ќе се затвори Клиниката за дерматологија, бидејќи кај директорката е дијагностициран корона вирусот, нашиот фоторепортер направи обиколка и забележа дека таму се уште има пациенти и се влегува слободно. –Целокупниот медицински персонал од оваа клиника согласно фреквенцијата и должината на контактот треба да бидат […]

Анестезиолог ќе одговара за смртта на родилката во „Санте плус“


По сеопфатна претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари дека сторило едно кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 4 во врска со член 207 став 3 во врска со став 1, како и едно кривично дело – Тешки дела против […]

Двајца американски законодавци во доброволен карантин поради коронавирусот


Американските законодавци, сенаторот Тед Круз и конгресменот Пол Госар, синоќа изјавија дека одат во доброволен карантин откако на конзервативен настан при крај февруари имале контакт со лице кое подоцна се тестирало позитивно за коронавирус. Законодавците учествувале на собирот на Конзервативна политичка акција, годишен настан на американските републиканци кој во Вашингтон се одржа при крајот на […]

Брутален пад на берзата во Њујорк


Главните индекси на Волстрит во Њујорк паднаа за седум проценти, а „Дау Џонс“  изгуби урна 2.000 поени само што беше отворена берзата, што ќе биде неговиот најголем еднодневен пад досега, откако цената на нафтата се спушти за 22 отсто. Тргување со американската берза беше запрена веднаш по отворањето во понеделникот, бидејќи С&П 500 падна за […]

Во среда завршува пријавувањето на дијаспората за изборите


Во среда на полноќ (11 март) завршува пријавувањето на македонските државјани кои работат и живеат во странство за гласање на парламентарните избори закажани на 12 април. Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) до денеска пријавени за гласање се 4.299 македонски државјани од повеќе делови на светот. Засега е неизвесно дали воопшто ќе се одржат […]