Брутален пад на берзата во Њујорк


Главните индекси на Волстрит во Њујорк паднаа за седум проценти, а „Дау Џонс“  изгуби урна 2.000 поени само што беше отворена берзата, што ќе биде неговиот најголем еднодневен пад досега, откако цената на нафтата се спушти за 22 отсто.

Тргување со американската берза беше запрена веднаш по отворањето во понеделникот, бидејќи С&П 500 падна за седум отсто.

Ова е резултат од колапсот на договорт меѓу ОПЕК и Русија, кој ги вознемири глобалните финансиски пазари кои веќе паничат поради влијанието на корона вирусот.