Потврдени нови 11 случаи на коронавирус во Грција, вкупно 84


Во Грција се потврдени нови 11 случаи на новиот коронавирус, со што бројот на заразени со Ковид-19 во земјата достигна 84 лица, од кои тројца се странски државјани, јави дописничката на МИА од Атина.

Од потврдените случаи, 27 се хоспитализирани, од кои еден во сериозна состојба, а останатите 57 се во домашна изолација, како што попладнево соопшти претставникот на Министерството за здравство на Грција, задолжен за коронавирусот, професорот Сотирис Циодрас.

Поголемиот дел од заразените, односно 56 се поврзани со поклоничкото патување во Египет и Израел, 47 патници и девет лица кои биле во контакт со нив.

Професорот рече дека во следните седмици се очекува зголемување на бројот на потврдени случаи во Грција.