Том Хенкс позитивен на коронавирус


САД– Оскаровецот Тон Хенкс и неговата сопруга, актерката Рита Вилсон, се позитивни на коронавирус, пренесоа британските медиуми. Оваа информација на својот Твитер профил ја објави самиот актер. На Хенкс и неговата сопруга им е утврдена заразата од коорнавирус додека актерот работел на новиот филм во Австралија.

Сончево и топло со температура до 23 степени


Времето во земјава ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб северен ветер. Максималната температура  ќе се движи во интервал од 16 до 23 степени. Во Скопје сончево и топло. Највисоката температура ќе достигне до 21 степен.

Италија ги затвори сите продавници, ресторани и пабови поради корона вирусот


Премиерот на Италија, Џузепе Конте, најави дополнителни мерки за да се обиде да го запре ширењето на корона вирусот. Сите продавници, ресторани и кафулиња ќе бидат затворени 24/7 и деловните субјекти и фабриките ќе треба да ги ограничат своите активности колку што е можно повеќе, охрабрувајќи го персоналот да земе одмор или да работи од […]

Коалицијата „За обнова на Македонија“ на конвенција ги претстави кандидатите за пратениците


ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ вечерва во Македонската филхармонија на конвенција ги претставија кандидатите за пратеници на предвремените парламентарни избори. Пред присутните се обратија лидерот на партијата Христијан Мицкоски и носителите на кандидатските листи во шестте изборни единици. -Македонија заслужува обнова. Обнова на системот на вредности, обнова во секоја сфера од нашето општество, […]

Три политички партии веќе доставиле листи за изборите на 12 април до ДИК


До Државната изборна комисија (ДИК) до денеска кандидатски листи доставиле три политички партии. Рокот за доставување листи за претстојните предвремени избори на 12 април завршува утре на полноќ. Портпаролот на ДИК Адмир Шабани за МИА вели дека и покрај состојбата со корона вирусот и мерките што се преземени, ДИК продолжува да работи, но истовремено ги […]

СЗО им порача на националните влади дека е време за агресивни акции


Официјални претставници на Светската здравствена организација им порачаа на националните влади дека е време за агресивни акции, сега кога избувнувањето на коронавирусот стигна до нивото на пандемија. Директорот на СЗО Тедрос Адхнанон Гебрејесус изјави дека со прогласувањето на пандемија земјите се повикани да развиваат свои механизми за реагирање во вонредни состојби, пренесуваат американските медиуми. -Подгответе […]

Бизнисот бара итно „лек“ заради корона вирусот, Владата одмерува „терапија“


За да се спречат поголеми штети по економијата мора да се размислува и за ургентна и навремена помош која институциите би му ја овозможиле на приватниот сектор, порачуваат од ССК Мирче Јовановски Бизнисот се погласно бара итни мерки за помош на компаниите чии деловни активности се погодени од ограничувањата што ги наметна корона вирусот во […]

МВР: Ширачите на лажни вести за корона вирусот ќе бидат санкционирани


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните – корисници на социјалните мрежи да не споделуват и шират непроверени односно „лажни“ вести околу вирусот Ковид 19, со кои се создава вознемиреност и паника меѓу граѓаните. -Лажните вести кои создаваат неоснована паника и имаат долгосежни последици  врз општествената состојба,но и врз колективното здравје на граѓаните. Ваквите злоупотреби […]

Заев: Се обединивме во голема мултиетничка победничка коалиција „Можеме“


– Најголемата предизборна коалиција до сега „Можеме“ препознава важност државата да продолжи по вистинскиот пат, тоа и ќе се случи. Нема враќање назад. Со ваква понуда и програма, надополнета со квалитетни персонални решенија секому му е јасно дека сме победници на 12 април. По победата продолжуваме на вистинскиот пат затоа што можеме уште повеќе, можеме […]

Здравствените работници да не користат одмори, ќе се регрутираат доктори да помогнат на Инфективна


Владата ќе постапи по препораките од Светската здравствена органзиација по одлуката за прогласување пандемија, а за што ќе имаат разговори со претставникот на СЗО во државава како и со регионалниот директор, појасни министерот за здравство Венко Филипче на попладневната прес-конференција. Со дополнителните мерки што ги усвоила Владата, на сите вработени во здравствен сектор им се […]

Мајката на трите деца на Флојд Мејведер пронајдена мртва


Мајката на трите деца на Флојд Мејведер, Џози Херис е пронајдена мртва во автомобил пред нејзиниот дом. Веста за трагичниот настан во гратчето Валенсија во САД ја пренесе порталот „ТМЗ“. Полициски екипи веднаш излегоа на терен и според првичните информации во американските медиуми, случајот се истражува како сомнителен, а увид на лице место изврши и […]

Што е тоа пандемија?


Пандемијата е епидемија на заразна болеста која се шири низ голема област – на повеќе континенти или ширум светот. Светската здравствена организација денеска ја прогласи епидемијата на вирусот Ковид-19 за пандемија, со што укажа на сериозноста на инфекцијата со новиот коронавирус. Додека епидемијата е термин што означува брзо ширење на заразна болест кај голем број […]

Хрватска: Потврдени три нови случаи на коронавирус


Од Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљавиќ“ во Загреб се потврдени уште три нови заразени лица со коронавирус. Се работи за лица кои пристигнале од Австрија и Германија. До сега во Хрватска се потврдени 19 заболени лица.

СЗО прогласи пандемија


Женева – Изразувајќи се поголема загриженост заради растот на инфекции Светската здравствена организација денеска прогласи дека глобалната криза од коронавирус сега прерасна во пандемија. Директорот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејсус изјави дека СЗО  е длабоко загрижен од алармантните нивоа на ширење и сериозноста на епидемијата од коронавирус. -Затоа направивме проценка дека Ковид-19 може да се карактеризира […]

Позитивни на корона вирус уште две лица


Позитивни на корона вирус  во државава  се уште две лица. Тие се од Дебар и се соседи на претходно хоспитализираните тројца дебарчани заразени со овој вирус и заедно со нив бројот на заразени во државава се искачи на девет. Во текот на денов се испитуваа вкупно 12 лица. „Од сите испитани пациенти денеска, двајца се […]

Велика Британија со 30 милијарди фунти ќе ја „лекува“ економијата од корона вирусот


Британскиот министер за финансии Риши Сунак денеска најави огромни финансиски средства за ублажување на економските последици од корона вирусот, на претставувањето на својот прв буџет пред парламентот, јавуваат британските медиуми. Сунак притоа објави и план за поттикнување на претпријатијата од 30 милијарди фунти (39 милијарди долари) и вети дека ќе биде преземено „се што е […]

Адеми: Училишната година не мора да заврши на 10 јуни


Училишната година не мора да заврши на 10 јуни, истакна на денешната прес-конференција Арбер Адеми, член на Демократската унија за интеграција и воедно министер за образование и наука, во врска со владините мерки да се прекине наставата на 14 дена заради коронавирусот. – Во основното образование имаме нов Закон за основно образование каде што е […]

Прва жртва на коронавирусот во Бугарија


Попладнево во Софија почина жената која вчера беше хоспитализирана во исклучително тешка состојба, а кај која беше утврден позитивен тест на Ковид-19. Пациентката имала хронични кардиоваскуларни проблеми и претходна операција на срцето. Жената дошла во болницата „Пирогов“ со тешка пневмонија. И покрај извршените интензивни реанимациски мерки лекарите не успеале да го спасат нејзиниот живот. Екипа […]

Бишевац влегол во ВМРО-ДПМНЕ за да прави европска држава


Сафет Бишевац, кој се најде на изборната листа на ВМРО-ДПМНЕ,  денес е хит на социјалните мрежи, каде што се вртат негови оценки за политиката на партијата чии бои ќе ги брани на наредните избори. Тој се правда дека на листата на СДСМ бил како независен кандидат , а сега го привлекла намерата на лидерот на […]