Утврдени дополнителни мерки за да не се шири корона вирусот


Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека согласно дополнителните мерки, активности и препораки на Владата за превенција од ширење на болеста КОВИД-19, следните категории на лица треба да бидат ослободени од работа и работни активности, врз основа на приложена потврда од матичен лекар за следниве состојби – хронични респираторни заболувања, тешки  кардиоваскуларни заболувања, […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе го спасува здравството од административните процедури што таа ги воведе


ВМРО-ДПМНЕ, преставувајќи ја својата изборна програма за здравството, најави мерки со кои практично ќе ги укине промените што стапија на сила кога тие беа на власт. Па така, според соопштението денес, ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на ослободување од административни процедури на матичните лекари, кои всушност кулминираа додека оваа партија раководеше со Македонија. Покрај тоа, во програмата […]

Прв смртен случај од Ковид-19 во Грција


Во Грција рано утрово беше регистрирани првиот смртен случај од коронавирусот, откако почина 66-годишниот маж кој во изминатите денови беше критична состојба, јави дописничката на МИА од Атина. Лицето беше дел од групата која на 27 февруари се врати од поклоничко патување во Израел и Египет. Министерството за здравство на Грција соопшти дека 66-годишниот Грк, […]

Добри вести од Хрватска: Излечени првите тројца пациенти од корона вирус, во БиХ нови случаи


Првите три пациенти кои во Хрватска заболеа од корона вирус покажаа негативни тестови на вирус, рече хрватскиот министер за здравство Вили Берош. Тие се уште се во карантин, а ако вториот тест биде негативен, ќе бидат пуштени дома во рок од 48 часа, пренесе „Јутарњи“. Министерот Берош утрово објави дека во Хрватска за сега нема […]

Денес ќе се докажува како ја купил облеката Бојан Јовановски


На денешното рочиште за “Рекет” адвокатот Сашо Дуковски ќе презентира фотографии од гардероба на Бојан Јовановски за да докажат дека поголемиот дел е купена пред 2019 година, наспроти тврдењето на обвинителката Вилма Русковска дека ја купил со пари од рекетот. Станува збор за седум вреќи запленета гардероба. На денешното рочиште обвинетата Катица Јанева исто така […]

ЕУ за одлуката на Трамп да не се лета во Европа: Економско нарушување мора да се избегне


Белгија– Европската унија денеска ќе ја процени одлуката на САД за забрана за патување од Европа наметната од американскиот претседател Доналд Трамп, нагласи претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. Тој додаде дека „економско нарушување мора да се избегне“. Твитот на Мишел, кој ја координира акцијата на лидерите на 27-те земји членки на ЕУ, следеше по одлуката […]

Експерти: Банкнотите не се особено ризични за пренесување на новиот коронавирус


Германија – Допирањето банкноти не претставува посебен ризик од инфекција со новиот коронавирус. Тоа го изјави германскиот директор на Институтот за инфективни болести Роберт Кох. „Пренесувањето на вирусот преку банкноти не е од особена важност“, рече Лотхат Вилер. Тој додаде дека најголем ризик се секретите на заразените лица. Неговите изјави се спротивставуваат на официјалните претставници на […]

Ќе одлучат ли лидерите на партиите да ги одложат изборите?


Лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, БЕСА, ДПА, Алијанса и Алтернатива денеска во 13 часот ќе имаат координација со премиерот Оливер Спасовски во врска со реализација на владините мерки за справување со коронавирусот. Лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, БЕСА, ДПА, Алијанса на Албанците и Алтернатива, Зоран Заев, Христијан Мицкоски, Али Ахмети, Билал Касами, Мендух Тачи, Зијадин […]

Олимпискиот оган денеска ќе биде запален во античка Олимпија


Грција– Во присуство на претседателот на Грција Прокопис Павлопулос, претседателот на Меѓународниот Олимписки комитет Томас Бах и претседателот на Грчкиот Олимписки комитет Спирос Капралос, но без публика и со број на гости сведен на минимум поради коронавирусот, денеска во античка Олимпија, со помош на сончевите зраци ќе биде запален олимпискиот оган, јави дописничката на МИА од […]

„Синеплекс“ затворен до 24 март


Мултиплекс киното „Синеплекс“ во Скопје e затворeно за посетители до 24 март. Откажани се сите филмски проекции во согласност со препораките на Владата за спречување на ширење на корона вирусот.

Затворен граничниот премин „Прохор Пчински“


Министерството за внатрешни работи преку соопштение информира дека од денеска од 7 часот утрово, а согласно насоките од Србија поради коронавирусот, ќе биде затворен граничниот премин „Прохор Пчински“. „Ги известуваме граѓаните дека Граничниот премин Прохор Пчински од утре 12.03 четврток од 7.00 часот согласно насоките од Владата на Република Србија а во врска со Ковид […]

Мојот живот во италијанска изолација


Да седите на еден метар раздвоени, да останете подалеку од семејството, да ги чувате децата надвор од училиште – за вонредни времиња се потребни вонредни мерки   Силвиа Скиорили-Борели Рим – Кога вестите за блокадата на цела Италија за прв пат се појавија доцна во понеделникот навечер, присуствував на вечера по повод 70-тиот роденден на вујко ми. Откако во текот на викендот […]

Можно е да се откаже трката во Формула 1 во Мелбурн


Главниот службеник за здравствена заштита на Викторија, Брет Сатон, изјави дека Формула 1 трката во Мелбурн би можела да се откаже доколку бидат потврдени случаи на инфекција со коронавирус кај тимовите. Четворица стручњаци од тимот на Хаас и еден претставник на Мекларен беа изолирани поради сомневање за зараза со вирусот. – Ако тестовите се позитивни, […]

Србија: Уште еден заразен со Ковид-19, вкупно досега – 19


Во Србија е потврден уште еден случај на инфекција со новиот коронавирус, со што вкупниот број заразени е 19, соопшти утринава Министерството за здравство. До денеска, во 8 часот, вкупно 160 лица се тестирани. Од последниот извештај, во 20 часот синоќа до 8 часот утрово, биле тестирани примероци од девет лица, од кои едниот бил […]

Моника Алексовска е најдобра реклама за свилени трепки: Заводлив поглед 24 часа


Убавината е сѐ уште нејзино поле на задоволство и работа иако по 10 години успешна манекенска кариера модните писти ги замени со пи-арство, како дел од тимот за односи со јавност на Моден викенд-Скопје. Моника Алексовска (23) сега работи како мејкап артист, техничар за екстензии на свилени трепки и едукатор за свилени трепки. Зошто жените, […]

Откажан и тенискиот Мастерс во Мајами


САД– Тенискиот турнир во Мајами, кој требаше да започне за две недели, е откажан поради пандемијата со коронавирус, пренесе „Скај Италија“. Мајами опен е втор тениски турнир на толку високо ниво кој се откажува поради коронавирус. Оваа недела, сличен турнир не се одржува во Индијан Велс во Калифорнија. Утрово беше донесена одлука за стпорање и на […]

Продуцентот Харви Вајнстин осуден на 23 години затвор поради сексуални злоставувања


САД– Судот во Менхетен вчера го осуди филмскиот продуцент Харви Вајнстин на 23 години затвор поради силување и сексуално насилство. Поратата го прогласи за виновен по две точки од обвинението, силување во 2013 година и принуда на орален секс во 2006 година. Неговата вина не била докажана во уште еден случај. Обвинителите побараа максимална казна […]

Федерер ја доби битката со „Најк“ за логото „РФ“


Швајцарија – Роџер Федерер ја доби долгата битка со „Најк“ за користење на логото „РФ“. Швајцарскиот тенисер во 2018 година ја напушти соработката со американскиот производел на спортска опрема и направи трансфер кај јапонски „Уникло“ со кој потпиша десетгодишен договор на 300 милиони долари. Од тој момент, Федерер не беше во можност да го користи логото […]

Харвард се затвора поради коронавирусот


САД– Универзитетот Харвард преминува на виртуелна настава поради пандемија на новиот коронавирус, а Универзитетот бара од студентите да ги напуштат студентските домови за пет дена, изјави портпаролката на Универзитетот, Рејчел Дан. – Ги замоливме студентите на Харвард да ги напуштат собите до недела, 15 март. Целата академска настава ќе се одржува на далечина, истакна Дан […]

Американските банки подготвени да им помогнат на малите компании


Луѓе од врвот на американскиот банкарски систем се сретнаа во Белата куќа со претседателот Доналд Трамп, а нивната порака на средба била дека американските банки се доволно силни и подготвени да им помогнат на малите компании и на граѓаните доколку продолжи ширењето на коронавирусот, пренесоа британските медиуми. Првите луѓе на „Американ банк“ , на „Голдман […]