Продуцентот Харви Вајнстин осуден на 23 години затвор поради сексуални злоставувања


САД– Судот во Менхетен вчера го осуди филмскиот продуцент Харви Вајнстин на 23 години затвор поради силување и сексуално насилство.

Поратата го прогласи за виновен по две точки од обвинението, силување во 2013 година и принуда на орален секс во 2006 година. Неговата вина не била докажана во уште еден случај. Обвинителите побараа максимална казна од 29 години затвор.

На прогласувањето на казната, 67-годишнот продуцент го донесоа во инвалидска количка. Адвокатите на Вајнстин бараа поблага казна од пет години. Потенцираа дека поради здравствената состојба на нивниот клиент, дури и петгодишна казна затвор може да биде доживотна.

Скандалите околу Вајнстин избувнаа летото 2017 година, кога неколку актерки изјавија дека во текот на неколку години продуцентот, злоупотребувајќи ја својата службена положба, ги принудувал на полови односи со него.

Веднаш потоа околу 80 жени излегоа се жалби за сексуално вознемирување сторено од Вајнстин, помеѓу кои и Анџелина Џоли, Гвинет Палтроу и Ума Турман.

Скандалот околу продуцентот го поттикна движењето „Ми ту“ во САД, (#MeToo), кое стана меѓународно, по што се открија повеќе случаи на сексуална злоупотреба во САД од страна на десетици високопрофилни лица како доктори, политичари и глумци, и друго лица од шоу бизнисот, музиката или модата.