Моника Алексовска е најдобра реклама за свилени трепки: Заводлив поглед 24 часа


Убавината е сѐ уште нејзино поле на задоволство и работа иако по 10 години успешна манекенска кариера модните писти ги замени со пи-арство, како дел од тимот за односи со јавност на Моден викенд-Скопје. Моника Алексовска (23) сега работи како мејкап артист, техничар за екстензии на свилени трепки и едукатор за свилени трепки. Зошто жените, со оглед на денешниот начин на живот и недостаток на слободно време, се почесто се одлучуваат на некој естетски третман кој истовремено ќе ги разубави, освежи но и ќе им го заштеди времето за секојдневно шминкање , ни откри Моника во продолжение.

* Дали трендот на естетски третмани е во нагорна линија или во опаѓање?

-Дефинитивно побарувачката на естетските третмани е во пораст, како и во светот, така и кај нас.  Се повеќе жени ја препуштаат својата грижа за убавина во рацете на професионалци. Работата на многу девојки и жени бара секојдневно убав и среден изглед, но со оглед на денешниот начин на живот и недостаток на слободно време, тие се почесто се одлучуваат на некој естетски третман кој истовремено ќе ги разубави, освежи но и ќе им го заштеди времето за секојдневно шминкање .

* Кои третмани се најбарани во вашиот салон?

– Најбаран третман во моментов е надградбата на свилени трепки. И не ми е чудно што токму тоа е најбарано бидејќи навистина се работи за една доста популарна техника со која добивате подолги,  потемни и погусти трепки, одморен и заводлив поглед 24 часа во денот без никаков труд. Свилените трепки настанале со цел да им помогнат на сите дами кои немаат густи, навиткани и долги природни трепки, како и на оние кои имаат да им го олесни секојдневното нанесување на маскара и шминка на очите. Исто така и девојките кои се занимаваат со спорт, сакаат секојдневно да изгледаат убаво и свежо, а не се склони кон шминкањето се одлучуваат за ова решение, како и за оние кои обожуваат се што е ново на пазарот и кои посветуваат големо внимание на својот изглед. Свилените трепки се прекрасен додаток на лицето на една жена и воопшто не е тешко да се навикнете на нив, а најдоброто од сѐ во овој третман е тоа што нема да ви пречат во извршувањето на секојдневните обрски, даваат природен изглед, удобност и практичност без да се оштетат вашите природни трепки. Секако дека и професионалната шминка е се повеќе барана услуга бидејќи повеќето жени и девојки го препуштаат својот изглед на професионални и искусни мејкап артисти. Најголема побарувачка за професионална шминка има во оние периоди на матури, апсолвентски, свадби, и разни прослави . За посебните пригоди жените сѐ почесто се одлучуваат да го посетат својот мејкап артист.

* Што треба да знае една дама кога доаѓа за надградба? Дали се потребни корекции?

-Кај надградбата на свилените трепки е потребно да се направи корекција, така што секогаш би изгледале убаво и уредно. Корекцијата се прави на околу три недели. Поради растот на природните трепки, по направени две корекции, третиот пат се нанесува нов сет на трепки. Свилените трепки можат да се носат до кога Вие сакате, но кога би се одлучиле да ги отстраните не треба тоа сами да го правите. Постои третман за отстранување на свилените трепки кој се прави со специјален отстранувач наменет за тој лепак, така што Вашите природни трепки воопшто нема да се оштетат.

* Колку менталната подготовка е важна за овој третман?

-Дамите многу лесно без премногу размислување се одлучуваат за надградбата на свилени трепки бидејќи овој третман е сосема безболен и пријатен, а разултатот е веднаш видлив и прекрасен. Доколку не им се допаднат или им пречат, во секое време можат да ги отстранат, без никакви последици.

* На што треба да се внимава по надградбата?

-Многу е важно правилното одржување на свилените трепки по секој третман. Секој клиент треба да се придржува до овие работи по надградбата : свилените трепки да не дојдат во допир со вода во првите 12 часа по нанесувањето, да не се нанесува маскара ( нема ни потреба од истата ) , да не се употребува виткач за трепки, секојдневно да се чешлаат со чиста четкичка за да се задржи нивниот облик, при миење на лице да не се притискаат агресивно со крпата, туку со нежно тапкање, се препорачува да се спие на грб или при спиење да не се судираат со перницата бидејќи во тој случај ќе паѓаат побрзо.

* Колку клиентите се задоволни од изгледот во огледало по третманот?

-Речиси сите клиенти по третманот на свилени трепки, повторно се вратиле да го направат и се изјасниле дека навистина овој третман многу им помогнал на различни начини и дека им е тешко да се откажат од  ваквата надградбата. Јас велам дека човек многу полесно се навикнува на убавото, па доколку сме во можност треба да се грижиме за себе и да инвестираме во својот изглед и убавина. Сепак, овој третман е доста подостапен за повеќето жени, за разлика од другите скапи естетски зафати и третмани.

*Дали убавината е во очите на тој што гледа, или станува единствен императив во светот за напредување во професијата, особено во шоу-бизнисот?

-Јас секогаш ја величам природната убавина, но тоа не значи дека не треба да бидеме средени и со тоа убаво да се чувствуваме и претставиме на светот, посебно кога нашата работа е под окото на јавноста. Во денешно време не е доволна само успешно завршената работа без пријатен и среден надворешен изглед кој ќе соодветствува на какактерот на таа личност.  Кога велам среден изглед, не мислам на безброј и претерани естетски хируршки интервенции , туку на по некој третман што ќе не направи да се почувствуваме и изгледаме свежо, одморено и убаво, да ја дадеме најдобрата верзија од себе најпрво за самите себе, а потоа за светот.

Л. Сабит