(ВИДЕО)Спасовски: Ден за историјата, од денеска ние сме НАТО


Денеска го остваруваме најголемиот успех на нашата земја од нејзината независност до денес. Знамето на Република Северна Македонија денеска гордо се развиори во кругот на знамињата на семејството сојузници на НАТО. Патот беше долг, но наградата што пристигна денеска со погледот на знамето на нашата земја во седиштето на НАТО во Брисел ја заслуживме. Бидете […]

УНДП бара досега невидена поддршка за справување со Ковид-19 во ранливите земји


Растечката криза со Ковид-19 е диспропорционална закана за земјите во развој, не само за јавното здравје на краток рок, туку како сериозна општествена и економска криза во месеците и годините кои следуваат. Загубените приходи во земјите во развој се очекува да надминат 220 милијарди долари, додека речиси половина од сите работни места во Африка можат […]

Србија: Нови три смртни случаи од Ковид 19, на респиратори 62 лица


Српските власти соопштија денеска за уште три смртни случаи од новиот корона вирус во државата. Според нив, во изминатите 24 часа потврдени се уште 44 случаи на заразени со што вкупниот број е 785. Вкупниот број на починати од тој вирус во Србија е 16. Хоспитализирани се вкупно 540 луѓе заразени со Ковид-19 од кои […]

Македонското знаме кренато пред седиштето на НАТО во Брисел


Знамето на Северна Македонија попладнево е кренато пред седиштето на НАТО во Брисел, на церемонија со која се означи официјалното пристапувањето на земјава во Северноатлантската алијанса. Знамето беше кренато додека се интонираше македонската химна. Пред свеченото кревање на знамето добредојде на нашата земја во Северноатлантската алијанса посака генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. „Ние сме […]

Бенјамин Нетанјаху во карантин поради корона вирусот


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговите советници доброволно ќе влезат во карантин како претпазливост сè додека претставниците на Министерството за здравство не ја завршат епидемиолошката истрага за тоа дали тој бил изложен на корона вирусот, соопштија од неговиот кабинет во понеделникот, неколку часа откако велеа дека овој потег е непотребен. „Дури и пред да заврши […]

Бројките на заболени и починати во нордиските земји


Норвешка: 4.226 потврдени случаи (645 повеќе од петокот) и 26 мртви Шведска: 4.028 потврдени случаи (982 повеќе од петокот) и 146 мртви Данска: 2.555 потврдени случаи (545 повеќе од петокот) и 77 мртви Финска: 1.313 потврдени случаи (288 повеќе од петокот) и 13 мртви Исланд: 1.020 потврдени случаи (130 повеќе од петокот) и двајца мртви

Берзата овозможи бесплатно користење на апликацијата за електронско тргување


Македонската берза овозможи бесплатно користење на продуктот eTrader за инвеститорите во хартии од вредност додека трае вонредната состојба. „Продуктот на Македонска берза за т.н. електронско тргување (eTrader), што е достапен на инвеститорите преку членките на Берзата (банките и брокерските куќи) и којшто овозможува далечински пристап за тргување со хартии од вредност на Берзата, ќе можe […]

Нови 26 заразени во Македонија, уште еден починат


Во изминатите 24 часа се регистрирани 26 нови случаи на коронавирус во земјата. Целосен преглед за состојбата по градови ќе испратиме дополнително бидејќи дел од потврдените се со работа во Скопје, но место на живеење во друг град, а анкетите се се уште во тек. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во […]

Франција: Компаниите не смеат да ја користат финансиската помош да купуваат акции


Француските компании кои ќе добијат финансиска поддршка од државата за надминување на проблемите за време на кризата со корона вирусот, не смеат да ги користат тие средства за откуп на сопствени акции, порача денеска францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер. Според него, на тие компании нема да им биде дозволено, исто така, со парите […]

Мицкоски да оди кај јавниот обвинител


Ако јавното обвинување од лидерот на опозицијата дека се прави воено профитерство со хуманитарните летови остане нерасчистено во ова време на пандемија ќе биде тежок удар врз општеството и на комплетниот правосуден систем   ЕРОЛ РИЗАОВ Откако Христијан Мицкоски ја потврди преписката со Драги Рашковски како автентична и остана јавно  на своето тврдење дека на […]

Природата на местото на злосторството


Додека луѓето се повлекуваат во своите домови, откако се повеќе и повеќе земји се затвораат и парализираат поради коронавирус, дивите животни се раширија наоколу  истражувајќи ги  празните улици дури и во некои од најголемите светски градови. Па така,дива свиња деновиве се спушти од ридовите околу Барселона, додека групи елени  „презедоа“ напуштени метро станици во Нара, […]

Досега од странство се вратиле 1.842 македонски граѓани


До понеделник до 14 часот во државава се вратиле 1.842 македонски граѓани со авионски превоз, но и преку хуманитарни конвои, со автобуси и со автомобили, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од нив, 1.097 се вратиле од Малта, Хрватска, Словенија, Германија, Австрија со седум авиони и тоа од: Валета, Загреб, Љубљана, Минхен, Берлин, Бон/Келн, Виена, а […]

Дежурниот лекар не ја примил пациентката од Струга што почина од ковид-19


Се уште трае инспекцискиот надзор во Охридската општа болница каде не беше примена 66-годишната пациентка од Струга која потоа почина од коронавирус. Во текот на денешниот ден треба да биде готов целиот извештај, но она што досега го потврдиле инспекторите е дека има прекршување во однос на неовозможување на здравствена заштита на пациент. Директорката на […]

Дезинфицирани улиците околу поликлиниката „Јане Сандански“


Општина Аеродром денеска изврши миење на улиците околу поликлиниката „Јане Сандански“, Мичурин и Стар Аеродром, а од утре почнува со дезинфекција на сите улици кои се под нејзина надлежност. Ова е уште една од низата превентивни мерки што Општина Аеродром ги презема за заштита од корона вирусот. Град Скопје редовно врши миење и дезинфекција на […]

Пауновски: Лимони има – се продаваат по 70 до 110 денари за килограм


Граѓаните да не креваат паника, зашто лимони и друго јужно овојше има, а трговците на големо и на мало да не се обидуваат да прават манипулации со цените. Да ја почитуваат договорената маржа од 10, односно 15 проценти, порача денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски. Тој напомена дека цената на лимоните треба да […]

ЕК ослободува итна помош за Западниот Балкан во борбата против Ковид-19, 66 милиони за С. Македонија


Европската Комисија најави дека се ослободуваат веднаш 38 милиони евра помош за Западниот Балкан за справување со здравствената криза и реалокација на 374 милиони евра за помош во справување со социо-економските последици, јави дописничката на МИА од Брисел. Најавата дојде од еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји кој порача дека “ЕУ секогаш ќе биде тука за […]

АХВ за четири дена спровела 367 контроли, изречени 19 мерки


Агенцијата за храна и ветеринарство од 23 – 27 март годинава изврши 367 контроли и изрече 19 мерки. Како што соопшти денеска претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашкоска, АХВ констатирала неспроведени обуки за основни знаења за безбедност на храна, како и вработени без здравствен преглед за санитарна книшка по што тие се отстранети од […]

Во Италија починаа 50 лекари во борбата против корона вирусот


Најмалку 50 лекари починале од Ковид-19 додека се обидувале да им помогнат на болните во Италија – откако биле испратени „голораки“ да водат „војна“ без основни заштитни средства, тврди нивното здружение. Италијанската Национална федерација на хирурзи и стоматолози објави список со имиња на мртви лекари, во услови на гневен напад на недостиг на достапна опрема […]

Македонците што се враќаат ќе бидат сместени на Шапка, во Струга, во Маврово и во Банско


Со  организираниот авионски превоз денеска  од Виена и Базел пристигнуваат 360 наши сограѓани. Владата за нив  подготви безбеден и строго контролиран автобуски превоз . -За 180 патници од летот од Виена обезбедуваме транспорт со автобуси со дезинфицирана внатрешност, опремени со закуска и вода, возачи со целосна безбедносна опрема, до хотелите „Дрим“ во Струга и „ЕСМ […]