Бенјамин Нетанјаху во карантин поради корона вирусот


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговите советници доброволно ќе влезат во карантин како претпазливост сè додека претставниците на Министерството за здравство не ја завршат епидемиолошката истрага за тоа дали тој бил изложен на корона вирусот, соопштија од неговиот кабинет во понеделникот, неколку часа откако велеа дека овој потег е непотребен.

„Дури и пред да заврши епидемиолошката истрага и да се отстранат сите сомнежи, премиерот одлучи дека тој и неговиот близок персонал ќе останат во изолација сè додека не се заврши епидемиолошката истрага“, се вели во соопштението на премиерот.

„Во согласност со сознанијата, ,инистерството за здравство и личниот лекар на премиерот ќе одреди ден кога да ја прекине изолацијата“, се додава во соопштението.

Кај помошникот на Нетанјаху, Ривка Палуч, беше потврдена заразата со вирусот во неделата, но останува нејасно дали премиерот бил во близок контакт со неа.

Во извештаите порано денеска се велеше дека Нетанјаху ќе мора да биде ставен во карантин, но неговиот кабинет се спротивстави на тоа, соопштувајќи дека премиерот не бил во иста просторија како Палуч во последните две недели. (Тајмс оф Израел)