Природата на местото на злосторството

Додека луѓето се повлекуваат во своите домови, откако се повеќе и повеќе земји се затвораат и парализираат поради коронавирус, дивите животни се раширија наоколу  истражувајќи ги  празните улици дури и во некои од најголемите светски градови.

Па така,дива свиња деновиве се спушти од ридовите околу Барселона, додека групи елени  „презедоа“ напуштени метро станици во Нара, Јапонија. На социјалните медиуми во Индија, пак, се појавија срни снимени во Дехрадун, главниот град на северната држава Утараханд, a хит беше видеото со еден влекач кој поминуваше пешачки премин. „Банди“ од диви мисирки се шетаат по улиците на Оукланд, Калифорнија, а пума се појави во центарот на чилеанскиот главен град Сантијаго, кој е под полицискиот час.

„Ова се живеалиште што некогаш им припаѓаа и ние ги одземавме“, рече Марсело Гјагнони, шеф на службата за земјоделство и добиток во Чиле, кој и помогна на полицијата да ја фати љубопитната голема мачка.

Појавата на делфините во каналите на Венеција за јавноста изгледаше фантастично, а тие се појавија и во други пристаништа на Средоземното Море.

„Животинскиот свет си зема слобода да талка по нашите улици и градови“, рече Ромен Жулијард, шеф во францускиот Природнонаучен музеј. Според него, лисиците биле авангардата на новите урбани истражувачи.

„Тие многу брзо го менуваат однесувањето. Кога некое место ќе стане тивко, тие се таму веднаш“, вели Жулијард.

Додека пеењето на птиците  им носи утеха на многу  жители што се во карантин на градот, специјалистот за акустика на музејот, Жером Соер смета дека тоа не значи дека има повеќе урбани птици од порано, туку тоа што ги забележуваме повеѓе се должи на намалениот сообраќаен шум. Птиците, според него, престануваат да пеат кога има бучава, па затоа сега се опуштаат. Животните, според него, тешко ја поднесуваат бучавата создадена од човекот.Самоизолацијата на луѓето е одлична вест и за некои други животински видови, како  жабите и саламандерите. Тие, пак, се поштедени од тоа да бидат „сомелени“ на претрупаните сообраќајници додека си бараат сопатник.

„Во националниот парк на Медитеранот во близина на вториот град во Франција, Марсеј, дивиот свет го враќа своето природно живеалиште со изненадувачка брзина“, вели управникот на на паркот, Дидие Ролт. Откако ги снема пешаците „пафените (вид диви патки), кои вообичаено престојуваат на  островите во најизолираните области, почнаа да се собираат на брегот, вели тој.

Карантинот на луѓето е добар и за растенијата. Дивите орхидеи – кои треба да бидат заштитени – честопати се прегазени од пешаците кога цветаат кон крајот на април и мај.Оваа година ќе бидат поштедени од таа судбина. Исто така, сега и на тревниците во  градовите и во предградијата ќе се вратат пчелите и пеперутките. Но, за Жулијард  најголемата промена ќе се случи кај луѓето.

„Најважната промена ќе биде тоа што ќе се смени нашиот однос кон  природата, бидејќи  луѓето, затворени во нивните домови, сфаќаат колку им недостига таа„, вели тој. Заглавени во затворен простор, во свет намалени на неколку квадратни метри (дворовите), затворените урбанисти одеднаш станаа страствени љубители и заштитници на птици и други животни.Шелтерите низ Европа и во САД со кучиња се празнат, бидејќи интересот за нивно вдомување многу нарасна.  Британскиот орнитолог Дејвид Линдо,пак, деновиве твиташе фотографии со  птици на покривот на зградата во Шпанија, каде што е ставен во карантин.

„Небото е одлична арена. Сè што може,, лета и во најмала рака ви дава спокој. Мојата порака е едноставна: продолжете да набљудувате“, им порача тој на своите новопронајдени следбеници.

Сепак, постојат и лоши страни на оваа ненадејна шанса за природата. Работата на ограничувањето на инвазивните видови е запрена, како и заштитата на загрозените.  И кога самоизолацијата конечно ќе заврши, луѓето ќе имаат потреба од природа и постои ризик од премногу посетители, што нема да биде добро за флората и фауната. Птиците што се гнездале во дворот на напуштено училиште или фабрикатогаш ќе се најдатповторно  загрозени.