Од среда заладување и обилни врнежи од дожд и снег


Под влијание на влажен и студен воздушен бран в среда ќе има врнежи од дожд, а на планините врнежи од снег. На некои места врнежите ќе бидат обилни, над 25 литри на метар квадратен. Како што соопшти УХМР, поради заладувањето и спуштање на дневните температури од 10 до 15 степени врнежи од снег ќе има […]

Почна поставувањето на монтажна болница во Централ парк во Њујорк


Работите на поставувањето голема монтажна болница во Централ парк во Њујорк, каде веќе постојат околу 50.000 кревети, започнаа денеска. Се очекува веќе утре болницата да биде подготвена да прими нови пациенти заболени со коронавирус, а кои во „Големото јаболко“ ги има 33.776. На источната страна на паркот, која гледа кон болницата „Маунт Синај“, се наоѓаат […]

Ахмети се самоизолирал во Зајас


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се самоизолирал во својата куќа во Зајас. Тоа го објави неговиот брат Фекри Ахмети на Фејсбук. – Останете дома! И следете ги препораките на надлежните.  Да ја поминеме оваа пандемија лесно, порача братот на Ахмети. Ахмети се самоизолирал по сугестија на  сопартијците, кои му препорачале на лидерот да не доаѓа […]

(Во живо) Прес-конференција на инспекторите


Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, заедно со Стојко Пауновски – Директор на Државен пазарен инспекторат, Иринка Сотирова – Директорка на Државен санитарен и здравствен инспекторат, Висаре Риза – Агенција за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Аљадин Хавзиу – Директор на Државен инспекторат за труд, Руфат Хусеини – Директор на државен инспекторат за транспорт и […]

Заразени пет вработени во МВР


Заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу на својот фејсбук-профил напиша дека Полициската станица Петровец е во реален ризик од коронавирус. – Вирусот Ковид-19 почна да напаѓа и во Министерството за внатрешни работи. Потврдено дека имаме позитивни пет вработени во полицијата, додека во Полициската станица Петровец постои реален ризик! Ги повикуваме вработените во полицијата за поголемо внимание […]

Транспортерите бараат посебни пунктови за корона-тестови


Транспортерите бараат посебни пунктови за брзи корона-тестови и пролонгирање на рокот за регистрација на нивните возила до завршувањето на кризата. Во овој момент, како што рекоа денеска на прес-конференција, воопшто не смеат да губат време на закажување термини преку матични лекари, зашто нивната дејност е клучна за непречена размена на стоки и навремено снабдување на […]

Знамето на Македонија од денес пред седиштето на НАТО


Церемонија на подигнување на знамето на Македонија ќе се одржи попладнево во седиштето на НАТО во Брисел, со што ќе се означи пристапувањето на земјава во Северноатлантската алијанса. Церемонијата на подигнување на знамето ќе се одржи симултано во исто време во седиштето на Здружената команда за операции (Shape – Mons) и во седиштето на Здружената […]

Рашковски за обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ: Ова е лудило


Ете до кај оди лудоста, беше реакцијата на генералниот секретар Драги Рашковски на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека Владата „прави криминал со хуманитарните летови“ , земајќи наводно провизии за да ги врати дома граѓаните што се затекнати во странство. Откако прво ја обвинија Владата дека профитира со вакцините, ова е второ обвинување кое има за цел […]

МВР: Вкупно 242 лица не го почитувале полицискиот час, 95 од нив приведени


Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата на 109 лица им се издадени решенија за изолација, а 112 лица потпишале изјави за самоизолација, соопшти МВР. Според статистиките на МВР, од страна на полициски службеници извршени се контроли над лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека едно лице, во самоизолација, не […]

Граѓаните со симптоми на коронавирус да не одат, туку да се јават кај матичниот лекар


Владата на Фејсбук ги повика граѓаните доколку имаат симптоми типични за коронавирус, како температура, треска, кашлица, отежнато дишење, да се јават телефонски кај нивниот матичен лекар. -Јавете се телефонски, не одете директно во посета. Матичните лекари преку епидемиолошка анкета ќе утврдат дали треба да се тестирате или не. Доколку треба, преку системот „Мој термин“ тие […]

Комерцијална банка планира да исплати дивиденда


Исплатата на дивидендата се очекува да се случи по завршувањето на вонредната состојба и продолжување на Собранието на акционерите Комерцијална банка одлучи да остане на својата одлука на акционерите да им исплати дивиденда од остварената добивка за минатата година, за што ја извести Македонската берза. Според објаснувањето на банката, таа постојано издвојува значаен дел од […]

Помпео го обвини Иран за ширењето на корона вирусот


Државниот секретар на САД ,Мајк Помпео, го обвини лидерот на Иран, Али Хамнеи, дека  со криењето на податоците за болните од корона вирусот загрозил илјадници животи во светот. Според Помпео лагите на Али Хамнеи придонеле барем пет земји да го увезат вирусот од Иран. -Фабрикувањата на врховниот лидер Хамнеи во врска со вирусот од Вухан […]

Трамп нема да им го плати обезбедувањето на Хари и Меган во САД


САД- Безбедносните аранжмани на принцот Хари и Меган Маркл ќе бидат приватно финансирани, откако американскиот претседател Доналд Трамп објави на Твитер дека Америка нема да ги финансира трошоците за нивното обезбедување, пишува британски „Експрес“. Официјалната портпаролка на Меган и Хари изјави дека тие не планираат да побараат средства од американската влада откако ќе се преселат […]

Бајден води пред Трамп во анкетите


Претендентот за претседателски кандидат на американската Демократска партија Џо Бајден ужива поголема поддршка отколку републиканскиот кандидат Доналд Трамп, покажа најновото истражување на јавното мислење. Според анкетата на мрежата Еј Би Си и Вашингтон пост, Бајден со 49 отсто доверба води пред Трамп, кој има 47 отсто доверба од граѓаните. Но Трамп значително ја намалил разликата […]

Србија: Минималец за дуќанџиите три месеци, по 100 евра за секој полнолетен граѓанин, најави Вучиќ


Српскиот претседател Александар Вуќиќ, за вторник најави пакет мерки со кои Србија ќе им помогне на претпријатијата и граѓаните да ја пребродат корона кризата. Во тие мерки спаѓа и исплата на минимална плата во наредните три месеци за сите претприемачи, микро и мали претпријатија. Тој исто така рече дека се размислува и за еднократна помош […]

Од денеска самоизолација за сите жители на Москва


Русија– Сите жители на Москва ќе мора од денеска да останат во домашна самоизолација, најави градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин. „Денеска потпишав наредба за дополнителни мерки за да се спречи брзото ширење на коронавирусот. Од утре, самоизолацијата ќе биде задолжителна за сите жители на Москва, без оглед на возраста“, напиша вчера Собјанин на својот блог. […]

Пандемија и наши поведенија


Природата нѐ избрка и затвори во нашите домови и умови, закрепнувајќи од нашето дивјаштво и примитивизам, но давајќи ни шанса да размислиме во самотија и тишина за себе и светот околу нас   ЗВОНКО ДАВИДОВИЌ Три часот наутро е на веќе не знам кој ден, сите денови ми се исти, во третата недела на карантинот, […]

Борусија Дортмунд денеска ќе продолжи со тренинзите


Фудбалерите на Дортмунд Борусија денеска се враќаат на теренот. „Милионерите“ ќе ги продолжат тренинзите во клупската база, стои во информацијата на „Спорт1“. Донесена е одлука да се подели тимот во групи од по две лица за да се спречи евентуално ширење на коронавирусот. -Многу е важно да се вратиме на теренот, бидејќи не е толку […]

Од денеска Поликлиниката Чаир, а до крајот на неделава и „Млин Балкан“ ќе врши тестирања за Ковид 19


Тестирање за коронавиросот од денеска во Скопје ќе се врши во Поликлиника Чаир, а до крајот на неделава и во Поликлиниката  „Млин Балкан“. Уште два пункта ќе се отворат во другите градови во државата. Системот на закажување во новите пунктови, кои се надополнување на сегашните 14, ќе остане по принципот на пријавување преку матичните лекари. […]

Блокадата поради коронавирусот го исчисти воздухот во Европа


Со воведувањето ограничувања за движење и активности поради коронавирусот, загаденоста на воздухот е намалена во урбаните области низ цела Европа, покажуваат денеска најновите сателитски слики. Сателитските слики покажуваат намалување на просечното ниво на штетен азот диоксид во поголемите градови од 5 до 25 март. Сателитските снимки од Сентинел-5 покажуваат намалување на просечното ниво на штетен […]