Ахмети се самоизолирал во Зајас


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се самоизолирал во својата куќа во Зајас. Тоа го објави неговиот брат Фекри Ахмети на Фејсбук.

– Останете дома! И следете ги препораките на надлежните.  Да ја поминеме оваа пандемија лесно, порача братот на Ахмети.

Ахмети се самоизолирал по сугестија на  сопартијците, кои му препорачале на лидерот да не доаѓа во партиското седиште во Мала Речица бидејќи кога тој е во централата се правела гужва, а со тоа се зголемувал ризикот тој или некој од партијата да се разболи.